Кога во џамиите финансирани од С. Арабија ќе има проповеди против самопрогласените “воини на исламот”?

од desk3
78 прегледи

Кога во џамиите и верските училишта, финансирани од Ријад, конечно ќе прозвучат проповеди против самопрогласените “воини на исламот”? DW пишува за маченичката смрт на францускиот отец.

0,,19428767_303,00

Варварски чин ги затресе луѓето од целиот свет. Грозоморното убиство на еден возрасен отец во неговата црква за време на служба е дело што се противи на најстарите принципи на човештвото: светите места – антиките храмови, подоцна синагогите и црквите – се под свештен имунитет, таму наоѓаат прибежиште и безбедност сите луѓе во опасност.

Варварски чин ја рани во срцето една Франција, која и без тоа е тешко повредена. Тоа рани една секуларна држава, која и покрај сè е интимно поврзана со религијата. Франција – најстарата ќерка на Рим. Ги познаваме оние села во Нормандија или во Бургундија, каде силната црква се крева во срцето на општината. Црква, во која еден старе отец повремено со исклучително достоинство одржува скромни служби. Миси кои се смислата на неговиот живот.

Во Сент-Етјен-ду-Рувре овој свештеник се викаше Жак Амелија, близу 85-годишен, веќе цели 58 години проповедаше. Иако пензиониран веќе десет години, тој продолжил да се грижи за неговиот народ, што се гледаше во неговото лице, еден чувствителен, непосреден и пријателски човек. Отецот беше сиромашен и скромен – како и многу други провинциски свештеници во Франција.

Турција бара Косово да санкционира новинар поради коментар за пучот

Двајцата терористи-касапи кои упаднаа во црквата , го натерале да падне на колена. А кога постариот човек се обидел да покаже отпор, тие само му го пресекле грлото. Внатре во црквата, пред олтарот! Исламистите сами ја обожаваат идејата за мачеништво, кога вршат убиства и се сметаат себе за маченици. Маченик е Отецот, а тие се само човеконенаситни криминалци.

Молитва против теророт и насилството

Да, отец Жак Амелија е маченик во исконска смисла на овој концепт. Невин, заклан за време на молитва, заради својата вера. Такви ужасни дела ја тресат Франција, сеуште. Неодамна во Париз еден плоштад беше преименувана во сеќавање на седуммина христијански мисионери кои загинаа како маченици во 1996 во планината Атлас во Северна Африка.

Архиепископот на Руан Доминик Лобркун дозна за загинувањето на отецот за време на Меѓународната младинска средба во Краков. Веста го потресе, го лиши од слово. Конечно тој сепак се произнесе со една голема реченица: “Католичката црква непознава друго оружје освен молитвата и братството меѓу луѓето.” Француската црква објави еднодневен пост и молитви.

Зад оваа одлука стои цврста намера да не се одговара “око за око”, да не се бара освета. Претседателот на епископската конференција во Германија кардинал Рајнхард Маркс исто така, рече нешто слично: злосторство во Сент-Етјен-ду-Рувре има за цел да сее омраза, “но ние нема да се поддадеме”. Сега треба да направиме се што е можно, така што тоа дело да не предизвикува нови насилства, рече Маркс.

Омразата и варварите имаат премногу помагачи

Останува сепак прашањето за огорченоста на убијците. За налудничавиот систем на т.н.. “Исламска држава”, која ја обожава смртта. Многу муслимани, вклучувајќи и во Германија, веќе го осудија како убиството на отец Амер, така и другите крвопролевања од последните денови. Таквите муслимани се посакувани партнери во обидот за приближување на религиите, но нивната сопствена беспомошност во моментов е очигледна.

Крајно време е да дојде реакција од Ријад. Кога конечно саудиските Вахабиа исто така ќе се затресат од терористичките акти? Кога во многубројните џамии и верски училишта ширум светот, финансирани од Саудиска Арабија, конечно ќе прозвучат проповеди, кои ги осудуваат самопрогласените “воини на исламот”? Омразата и варварските акти имаат премногу помагачи. И уште повеќе пасивни сојузници, кои едноставно ги затвораат очите пред злосторствата.