Мажите и жените треба да бидат еднакви во една врска. И како што дамите не сакаат нивните партнери да се обидуваат да ги контролираат, истото важи и за мажите. Се разбира, ќе ги исклучиме “мамините синчиња”, кои копнеат да најдат жена, копија на нивната мајка и која секогаш да им дава насока во животот.
“Нормалните” мажи не сакаат да бидат контролирани, иако многу припаднички на понежниот пол се обидуваат да го прават токму тоа. Господата сакаат да бидат водени и советувани, но не и изманипулирани. Еве кои се работите кои ги прават дамите и кои многуги нервираат мажите:
1. Ѕвонат по пет пати во рок од еден час
Партнерот ви е среќен кога му се јавувате и ја покажувате својата љубов, но по вториот повик за 30 минути среќата нагло преминува во досада и конечно гнев. На крајот на него ќе му биде тешко да работи, да тренира или да се забавува со пријателите, ако треба постојано да погледнува кон својот телефон. Дајте му малку слобода на својот сакан и не го вознемирувајте со постојани повици и пораки!
2. Во лов за изневери
Мажите воопшто не се задоволни кога нивната партнерка им го истражува телефонот – дури и таму да нема ништо инкриминирачко и дури и тие да се “чисти како момина солза”.Претпоставуваме и на вас нема да ви е пријатно, ако вашиот партнер ви ровари по вашиот телефон, барајќи докази за неверство? Личниот простор е личен и треба да остане таков. Освен тоа – ако некој решил да изневерува, може многу добро да ги прикрие трагите и дејството да се покаже залудно.
3. Му забранувате да зборува со поранешните
Да, на никого не му е пријатно дека партнерот има минато. Особено ако тоа минато е составено од имиња на (многу) жени. Но, вие не треба да му забранувате на партнерот да запре секаква комуникација со поранешните љубовници. Тој е човекот кој треба да одлучи кога и со кого да разговара.
4. Му кажувате што да облекува
Вие не сте негова мајка, ниту пак тој има 10 години, па не му кажувајте на партнерот што да облекува. Убаво е да му купите кошула дури и без повод, но не очекувајте тој да го промени целиот свој стил заради вас. Вие би го смениле ли радикално изгледот, ако тој посака?
5. Наметнувате мислење
Во една врска вашите мислења се еквивалентни. Тоа значи дека не треба секогаш да изберете кој филм да се гледа, каде да вечерате и што да правите за време на викендот.Треба да му давате можност на партнерот да ги прави омилените нешта со вас, инаку ризикувате да биде во друштво на друг човек (сфаќајте друга жена).
6. Одговарате наместо него
Ако некој го праша како оди работата, вие не треба да одговарате наместо партнерот. Не сте негов портпарол, а тој е личност и е целосно способен да одговара за себе.