„Коха“: Содржината на „нон-пејперот“ рефлектира што се случува во бриселскиот дијалог

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Објавивме документ за кој се тврди дека е германско-француска иницијатива за ревитализација на дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави денес за „ФоНет“ главниот уредник на приштинскиот весник „Коха диторе“, Агрон Бајрами, оценувајќи дека содржината на тој документ рефлектира што се случува во бриселскиот дијалог.

Тој објасни дека редакцијата на „Коха“ се обидела да добие потврда за автентичноста на тој документ, но дека проблемот е што документите од овој тип никогаш не добиваат потврда.

„Сепак, она што го потврдивме од различни дипломатски извори, и овде и во Брисел, е дека прашањата споменати во тој документ се прашањата што се дискутираат во бриселскиот дијалог, и меѓу различните страни, земјите членки на ЕУ и други“, нагласи Бајрами.

Во оваа смисла, тој верува дека содржината на документот одразува што се случува во процесот на дијалог.

„Имаше неколку реакции на објавувањето на документот, Германците и Французите официјално негираа дека се негови автори, но никој не присвојува такви нон-пејпери како нивни“, рече Бајрами.

Според неговото толкување, „идејата најверојатно ќе отвори поширока дебата за прашања поврзани со признавањето меѓу Косово и Србија, но не како држава, туку како субјект со територијален интегритет и суверенитет“.

Се споменува и формирањето на српската автономна област на северот на Косово, како и самоуправа за српските цркви на Косово, додаде Бајрам и оцени дека сето тоа се прашања за дискусија.

Тој смета дека целта на авторот на нон-пејперот, кој и да бил, но и на редакцијата на „Коха“, била да разговара за овие теми, но истовремено тврди дека за нив се дискутирало со години, и не само во изминатите месеци и недели.

Барјами не разбира „зошто луѓето реагираат луто“ на овој вид документи, без да ја негираат неговата содржина“, но тие велат дека тие не се автори”.

На чуден начин, тие потврдуваат дека дискусијата за прашањата што ги објавивме е во тек, заклучи Бајрами.

Слични содржини