Кога некој ќе нè праша кој дел од телото ни е единствен, ќе се сетиме за отпечатоците. Покрај нив има уште неколку делови од телото кои се индивидуални и треба да бидете сигурни дека нема друг човек, кој ги поседува вашите облини и форми.
Облиците на увото се индивидуални за секој човек. Вие сте единствените во светот кои имаат такви уши и никој друг. Научниците развиле алгоритам, кој може да идентификува лице според увото со 99,6% точност.
Ирис

Обоениот дел на окото се нарекува ирис. Во него пливаат различни точки, црти и линии. Тие се единствени за секој човек. Дури и да ви се чини дека нечии очи личат вашите, секогаш има разлика и тоа ги прави очите уникатни !
Отпечатоците од јазикот се неповторливи за даден човек. На прв поглед јазикот ви изгледа сличен на јазикот на друг човек, но не е така. Бројните линии по него се разликуваат. Некои јазици имаат бразди, други се мазни. Боите им се различни. На тоа влијае и здравствената состојба на човекот, но уште со раѓањето секој јазик има свои специфични карактеристики, карактеристични за конкретниот човек.
Заби
Забите се друг неверојатен орган. Тие даваат 100 процентна точност за идентитетот на едно лице. По забите може да биде препознаен дури и целосно распаднат труп.
Ретина
Ретината е задниот дел на окото. Таа претставува неверојатно точна слика на нервниот систем. Во мрежницата се одразуваат многу од болестите во организмот, понекогаш дури скриени. Очната мрежа е уникатна за секој човек.
Одот
Одењето не е орган, но пак повторно е целосно индивидуален. Тоа е дел од човекот и неслучајно можете да познаете во грб некого додека оди, без да го гледате лицето и познатите делови од неговото тело. Одењето може да наликува, но никогаш не се целосно слично со оние на другите луѓе.
Глас
Гласот на човек е уште една карактеристична индивидуалност. Ако имате сестра или брат, најверојатно гласовите ви се слични. Сигурно и сопствената мајка ве меша по телефон. Но, и покрај тоа гласовите ви се разликуваат и тоа може да се докаже со точност. Гласот на секој човек е своевиден отпечаток.

