Кои мажи паѓаат на големи гради и зошто

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Женските гради може да издадат различни нешта за својата сопственичка- возраста, фигурата, здравствената состојба, плодноста. Несомнено градите се едно од “оружјата” на претставничките на понежниот пол, со кои го привлекуваат машкото внимание. И мажите никогаш не остануваат рамнодушни кон нив!8ad1e182cf7a50d1d5100db748fca949

Некои паѓаат на големи гради, други претпочитаат да бидат покриени. Еве едно интересно истражување кое издава многу за личноста на претставниците на посилниот пол, земајќи го предвид тоа на какви гради паѓаат.

На гладните мажи им се допаѓаат поголеми гради

Потсвесно женските гради се поврзувани со “извор на храна”. Нивните поголеми форми сигнализираат дека сопственичката им има поголеми масни резерви. Од оваа причина, кога мажите се гладни, тие сакаат дами со поголеми гради, се тврди во британско истражување, објавено во 2008 година во списанието Journal of Socio-Economics.

Сексистите исто паѓаат на поголеми гради

Истражување објавено во 2013 во списанието Archives of Sexual Behavior открива дека претставниците на посилниот пол, кои ги сметаат жените само како предмети (сексуални), логично се привлечени од оние кои поседуваат пораскошни форми од половината нагоре. Во истражувањето учествувале над 300 мажи, на кои им биле прикажани женските тела во 3D модели и требало да споделат, кои ги сметаат за секси. Погледот на над 70% се задржал на оние модели кои имале завидни гради.

На мажите кои бараат сексуално “кротка” партнерка, им се допаѓаат мали гради

Уште едно психолошко истражување е насочено кон тоа каква жена точно бараат мажите. Оние кои сакаат да доминираат во врската и сакаат до себе кротка, потчинета и лојална жена, треба да побараат претставнички на понежниот пол со мали гради.

Посамоуверените и плејбој мажи копнеат за повеќе месо

Мажите со висока самодоверба, кои сакаат да се во центарот на вниманието, често се залагаат за жени со поголеми гради, пишува списанието Journal of Personality and Social Psychology.За нив жена со огромни гради е уште една причина да се перчат гордо пред другите и да покажат повисок и завиден “социјален статус”. Љубовта кон позаоблени полутопки во горниот дел на женското тело е типична и за Плејбој мажите и шармерите.

Финансиски стабилните мажи преферираат мали гради

Количеството пари што го заработуваат, може да диктира приоритетот кон женските форми. Истражување во The Journal of Socio-Economics од 2008 година тврди дека господата кои се финансиски стабилни, се залагаат за дами со помали гради. Тоа е затоа што тие се чувствуваат посигурни доволно и не бараат изобилство околу себе, бидејќи можат да си обезбедат сè, за разлика од оние кои пак имаат финансиски тешкотии и потсвесно се обидуваат да ја балансираат несигурната позиција со визуелни измами.

Мажите кои сакаат бебе, бараат жени со големи гради

Господата кои се подготвени да го продолжат својот вид треба да побараат жени со големи гради. Тие ги поврзуваат со висока плодност и способност жената да роди и храни здрав и крупен наследник, тврди истражувањето од 2012 година во списанието Archives of Sexual Behavior.