Кои се најбедните економии во светот во 2019 година?

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Инфлацијата, која се очекува да достигне неверојатни 8 милиони проценти оваа година, и ја донесе на Венецуела титулата најбедните економија во светот.

Јужноамериканската нација го предводи за петта година по ред индексот на најлошите економии на Bloomberg кој ја одразува инфлацијата и невработеноста во 62 држави.

Венецуела и уште неколку други земји во групата на „бедните економии“ водат осамена битка со високите нивоа на инфлација и невработеност.

Економистите во повеќето други земји се соочуваат со различен предизвик оваа година – тешката комбинација од инфлација и помала невработеност која го комплицира читањето на податоците за економското здравје и преземање на соодветни мерки.

Тајланд повторно ја грабна титулата на „најмалку бедна“ економија, иако единствениот начин на Владата за пријавување на невработеноста го прави постигнувањето не толку неверојатно како искачувањето на Швајцарија до второто место, додека Сингапур успева да се задржи во тројката на најмалку несреќни економии.

САД се движи со шест места напред – до 13-тата позиција, додека Велика Британија бележи прогрес за четири места, до 16-тата најмалку бедна економија.

Индексот на Bloomberg се потпира на долготрајниот концепт дека ниската инфлација и невработеност во целина покажуваат колку добро жителите на една земја би требало да се чувствуваат.

Овогодинешните резултати се базираат на истражувања на Bloomberg меѓу економистите, додека во претходните години одразуваат реални податоци.

Понекогаш, се разбира, нискиот резултат може да доведува во заблуда во секоја од категориите. Трајно ниските цени може да се знак за слаба побарувачка, а премала невработеност ги ограничува работниците кои сакаат да менуваат работни места со подобри, на пример.

Венецуелската влада не пуштила економски податоци од 2016 година. Оценките на аналитичарите се разликуваат значително од индексот на Bloomberg „Кафе со млеко“, според кој инфлацијата во земјата во моментов е 219.900%.

Трендот при растот на цените во индексот претставува промена во споредба со минатата година, кога стравувањата од зголемената инфлација ги зголемија резултатите на многу од земјите.

Економистите, кои учествувале во истражувањето на Bloomberg, прогнозираат дека инфлацијата во речиси половина од 62-те земји ќе биде пониска во споредба со 2018 година. Во исто време во повеќето од земјите се очекува невработеноста да се намали.

Флуктуациите на пазарите во 2018 година ги менуваат размислувањата на централните банкари ширум светот. Пазарите во развој, кои побрзаа да ја затегнат монетарна политика минатата година во услови на поскап долар и инфлацијата која оди нагоре, донесоа бран решенија, насочени кон попретпазлива политика од почетокот на 2019 година.

Меѓународниот монетарен фонд е меѓу институциите кои постојано ги намалува своите предвидувања за остварувањето на светската економија оваа година.

Влошувањето на резултатот на Русија, која паѓа за 17 места, до 17-та најбедна економија, се должи на прогнозите за повисоки цени и стагнација кај невработеноста. Скокот во инфлацијата минатиот месец ги комплицира плановите за олеснување на монетарната политика.

Аргентина, Јужна Африка, Турција, Грција и Украина се приклучуваат на ова негативно рангирање, при што секоја од овие земји го задржа своето место минатата година, што укажува на нивната неспособност да го ограничат зголемувањето на цените и да ги вратат луѓето на работа.

На позитивната страна од листата е Сингапур, кој, иако паѓа за едно место, е третата најмалку „бедна“ економија во светот.

Понекогаш, сепак, „најмалку беден“ резултат не е она, како што звучи. Рангирањето на Јапонија во Топ 5 (3) е одраз на намалената побарувачка, што ја отежнува борбата со земјата со демографската криза и трговските проблеми.