Кои се најбезбедните смартфони за здравјето на корисниците? (инфографик)

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Што е првото нешто што го правите кога ќе се разбудите наутро? Дали правите кафе, одите во бања или нешто друго? Можеби многу луѓе би рекле дека нивната прва работа е да го разгледаат нивниот телефон и да видат што пропуштиле од минатата вечер.

Нашата приврзаност кон мобилните уреди не може а де не си го постави прашањето како нивната прекумерна употреба штети на здравјето. Додека сé уште нема сигурни докази за ова прашање, сепак е добро да се заинтересираме малку повеќе за нивниот ефект врз телото.

Од „Статиста“ ги презентираат мобилните телефони кај кои зрачењето е најниско. Шест од топ 15 на листата се модели на корејскиот производител „Samsung“, вклучувајќи ги и најновите предводници на брендот – Galaxy Note 8 и Galaxy S8. На прво место е Sony Experia M5, како и телефони на LG и Motorola.

Моделите се наредени според т.н. специфична стапка на апсорпција (SAR). Тоа ја рефлектира брзината, со која електромагнетните бранови, кои ги емитува телефонот, се апсорбираат од организмот. Оние со ниво под 0,60 вати се сметаат за „Еколошки“ и добиваат сертификат „Син Ангел“.

Слични содржини