Сушито е еднa од најпознатите видови храна во светот. Иако, суши ролните се дел од јапонската кујна, тие стекнуваат многу голема популарност и во Европа. Сушито претставува варен ориз, сурова риба и други адитиви, свиткани во ролна во кора нори, а интересен факт е дека постојат над 2.000 видови суши.
Во последните години се наметна и модата да се консумира Сашими- тоа е само месото на рибата или други морски плодови.
foodpanda, одбра и рангираше осум од најпопуларните и омилени суши ролни кои се најпосакувани во Европа.
“Виножито” – Претставува ориз свиткан во ролат од риба и авокадо.
“Футомаки Спајс” – Ориз, туна, чили сос завиткан во кори нори.
“Футомаки” со краставица и авокадо. Тоа е едно од најпознатите најчестите видови на суши.
“Филаделфија” – Оризот не е спакуван во кората Нори. Содржи авокадо, лосос и крем сирење.
“Теријаки” – Тоа е суши што не содржи риба, туку пилешко и сос “Териjаки”
“Темпура” – Овој вид суши може да има многу варијации, но секогаш едната или другата страна е малку пржена.
Сашими Сјомга- Претставува ориз, покриен со парче лосос.
“Унаги” – Унаги е вид јагула. Овој вид суши содржи ориз, унаги, теријаки сос и слатко- солена глазура.
Какво суши и да изберете, не заборавајте да го консумирате со големо количество соја сос, ѓумбир и Васаби. А, за да се почувствува вистински јапонската култура, користете стапчиња наместо вилушка.