Кои се партиските активисти кои наводно ја напуштиле трибината на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство?

од desk4
92 прегледи

Повеќе од 180 земјоделци на трибината во Велес, заедно со министерот Николовски дискутираа за сите теми од земјоделството

Во врска со информациите во дел од медиумите дека сточарите ја напуштиле трибината, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство одговорно известува дека трибината ја посетија повеќе од 180 земјоделци  кои присуствуваа и активно дискутираа повеќе од два часа, до крајот на настанот, на разни теми од сите области на земјоделството. Неуспешен беше обидот на десетина партиски активисти да создадат впечаток дека земјоделците наводно ја напуштиле трибината.

Кои се тие?

Митко Јанков, претседател на здружението „Агро центар“, еден од организаторите на протестите на одгледувачите на овци, што повикува на протест против МЗШВ и актуелната Влада, не му е прв пат да повикува на протест, но сериозните сточари го знаат дека не е земјоделец,  туку политички активист.

10 години никогаш не повикал на протест иако откупната цена на јагнето беше мизерни 100 денари за килограм.

Навидум загрижен за сточарите, а всушност одработува за ВМРО ДПМНЕ.  Митко, е само извршителот на валканите работи, а главниот логистичар е Тони Тасков, човек од доверба на ВМРО ДПМНЕ, вработен во Агенцијата за поттикнување на земјоделството,  подрачна канцеларија во Велес, кој злоупотребувајќи ја службената моќ, ги манипулира  земјоделците на протести.

Тони и Митко се главните организатори на протестот на сточарите пред МЗШВ, што беше на 20 декември минатата година. Земјоделците беа донесени со платен автобус, а сега истите двајца се организатори и на пресот и протестот вчера во општина Чашка, за што говори сликата во прилог каде Тони (свртен со грб во карирана кошула) им дава насоки на сточарите како да дејствуваат. За нивната партиска љубов сведочат и сликите каде со партиски обележани маици, двајцата се појавуваат на партиски настани.

Митко е и еден од подржувачите на „ќосињата“ од Велес, кои насилно упаднаа на 27 април, во Собранието на РСМ, со цел да го ликвидираат премиерот Зоран Заев и не се срами јавно да го објави тоа.

Дали Митко Јанков, е вистински загрижен за сточарите или одработува за партиска агенда?

На крајот не успеа монтираното минирање на собирот , и беа досесебни конструктвни заклуочоци.

Во понеделник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се одржи средба со фирмите кои вршат откуп и извоз на јагнешко месо и претставници на кланичната индустрија. Со нив ќе се разговара за откупот на јагнето и движење на цената на пазарот. Додека во вторник  е договорена средба со Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци на Република Северна Македонија, на која ќе се разговара за производната и продажната цена на јагнето.

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство ја завршува процедурата со пописот кај овците и козите кој треба да заврши до крајот на јуни, кој што е важен за попрецизно дефинирање на политиките за секторот овчарство и распределба на субвенциите. Во делот на политиките за развој на овчарството, голем дел од барањата на овчарите се прифатени. Со Јавното претпријатие за пасишта се работи на  измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи да се склучуваат повеќегодишни договори за користење на пасиштата, ќе се спроведе вакцинација на јагнињата против бруцелоза и вакцинирање за ентеротоксемија кај овците, која што МЗШВ ја субвенционира со 50 отсто.

Во Програмата за рурален развој за 2019 е зголемена сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари вклучително и за овчарство,  а за поголема сигурност во инвестицијата – фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Платежната агенцијата па потоа ќе ја реализираат инвестицијата.

Исто така, во Програмата за рурален развој  се предвидени  средства за околу 50 фотоволтаични колектори и ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија. Во Програмата за директни плаќања 2019 година, зголемена е субвенцијата за литар произведено и предадено овчо и козјо млеко од 4 на 4,5 денари по литар.

Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во декември 2018 година, од Република Северна Македонија  се извезени 2.897 јагниња или количина во килограми 33.509кг. Оваа година се извезени 16.533 јагниња или количина во килограми 173.427 килограм.