Кои се придобивките од гасната когенеративна електрана што треба да ја изгради грчки „Митилинеос“?

од Radmila Tasevska
302 прегледи

Гасната когенеретивна централа што во Македонија треба да ја гради грчкиот Митилинеос е еден од четирите стратешки енергетски инвестиции што треба да ја зајакнат енергетската независност, но и да озбездебат пристап до поевтини енергенси за домаќинствата и стопанствата.

Но какви конкретни придобивки ќе обезбеди оваа електрана? Како прво, кога ќе биде ставена во функција, оваа гасна когенеративна електрана ќе обезбеди сигурна, стабилна и континуирана испорака на струја. Тоа, треба посебно да се земе предвид затоа што тоа е процес кој ја дефинира енергетската сувереност на државата кој е условен од обезбедувањето на базна енергија, која е всушност фундамент во функционирање на електроенергетскиот систем.

Оваа когенеративна постројка во исто време ќе обезбеди повеќе од 275 GWh топлинска енергија за централно греење и се очекува да има директно значајно намалување на цената за парно. Проценките се дека може да дојде до намалување на цената на парно и до 40%.

Стратешки инвестиционен проект, гасната когенеративна електрана на Митилинеос е еколошки и со тоа се вклопува идеално во планот за забрзана енергетска транзиција на земјава кон зелената ЕУ агенда. Ако од една страна се случува Елдорадо во инвестиции на фотоволтаици и се произведува струја од сонце, сега со оваа постројка ќе се замени јагленот од РЕК Битола со струја од природен гас.

Проектот е од големо стратешко значење за нашата земја и ќе ги подобри условите на животната средина во Градот Скопје. Овозможува проширување на централното греење правејќи го достапно до поголем број на граѓани и намалување на дефицитот во трговијата со енергија.

Покрај декарбонизација, со своите капацитети за производство на топлинска енергија овој стратешки инвестиционен проект ќе доведе до можности за намалување на загадување на воздухот во Скопје за време на зимскиот период.

Постројката ќе му овозможи на градот централно греење со ниска емисија на гасови и електрична енергија, како поддршка на транзицијата на државата кон попријателски енергетски микс кон природата и зајакнување на нејзината безбедност во снабдувањето со енергија.

Слични содржини