Иницијативата за промена за Законот за кривична постапка доаѓа од група на 6 адвокати, меѓу кои и Оливер Вуксановиќ, објави Телма.

Доставена е до Собранието на почетокот на февруари со цел на одбраната да и се овозможи фер и правична постапка на обвинетите и нејзина подготовка. Меѓутоа, како што наведува Вуксановиќ, постои разлика од поднесената иницијатива до Собранието и предложената од пратениците во две точки.
– Ние побаравме во членот 302 за кривичните дела за кои се води редовна кривична постапка рокот да биде зголемен од 15 во 90 дена, но во скратената постапка побаравме да биде 45 дена. Вчера гледајќи го предлогот доставен до собрание гледам дека и за двете постапки подносителите на друг предлог ги ставиле роковите 90 дена, вели адвокатот Оливер Вуксановиќ.
Сепак, тој коментира дека обвинителството не треба да се плаши од фер и правично судење, бидејќи за само 15 дена, адвокатите како што вели не се супермени да можат да подготват квалитетна одбрана.

– Ако на обвинителите согласно законските норми им е овозможено за ист правен настан за кој треба да се произнесат со обвинение да водат истрага 6 месеци и тој рок да го продолжат за во комплицирани предмети уште 6 месеци и доколку се работи за организиран криминалитет да се зголеми рокот за 3-6 месеци. Доаѓаме дека за ист кривичен правен настан на обвинителството му треба 18 месеци, а на одбраната и е дадено само 15 дена. Тоа е единствениот мотив за поднесување, додава Вуксановиќ.
Уште еден сегмент кој се разликува предлогот на пратениците е ретроактивноста, односно новите одредби да важат и за веќе започнати постапки. Сепак, Вуксановиќ ја поздравува оваа одредба, велејќи дека секоја одредба која е во корист на граѓаните, може да има ретроактивно дејство. Но, за адвокатот Звонко Давидовиќ е спорен моментот за ретроактивно важење на Законот.
Повеќе информации овде.