Кои се црните точки за сообраќајки во Скопје?

од desk2
87 прегледи

Од почетокот на годината па се до денес во 23 сообраќајни незгоди загинале 24 лица на улиците во Скопје. Во споредба со 2017 година оваа бројка е намалена за 27 проценти, велат статистиките на Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајната статистика покажува дека најчеста причина за сообраќајни незгоди се неприлагодената брзина, недржење страна и правец и непочитување на правилата за првенство на минување.

Булеварите „Борис Трајковски”, „Кочо Рацин” и „Партизански одреди” се најкритични места во урбаните средини, додека населбата Арачиново е најкритична рурална средина во која најчесто се случуваат сообраќајни незгоди.