Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува вредноста на глобалниот бруто домашен производ (БДП) да се намали за 4,4% поради пандемијата. Исклучок ќе биде Кина, којашто има проценет раст на реалниот БДП од 1,9% во текот на кризата предизвикана од коронавурисот.
Отпорноста на кинеската економија на кризи ќе остави позитивно влијание и врз Виетнам и Бангладеш. Освен тоа, раст ќе има и економијата на Гвинеја, каде кинеската побарувачка за рударски производи ќе ѝ овозможи раст, пренесува fDi Intelligence.
Кина ги воведе најстрогите мерки за безбедност во светот, што предизвика голем пад на економската активност, но тие мерки помогнаа да се сузбие пандемијата, за да може населението да се врати во нормала, поради што растеа и побарувачката и понудата.
Аналитичарите очекуваат Виетнам да достигне 1,9% раст за оваа година, а за следната проекциите се на ниво од 6,7%. За Бангладеш се предвидува раст од 3,8%, додека за следната година се очекува скок од 4,4%. Гвајана оваа година се очекува да има најголем раст на БДП од 26%, но се смета дека таквиот пораст не е одржлив за таа јужноамериканска земја, па за следната година се очекува пад.