Кои сектори од европската економија се најголеми загадувачи со CO2?

од Vladimir Zorba

Емисиите на јаглерод генерирани од земјите во Европската унија во вториот квартал на 2021 година изнесуваат 867 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид. Ова го покажуваат податоците на Евростат, кои агенцијата првпат ги објавува на квартална основа.

Обемот на емисиите на стакленички гасови на ЕУ во третиот квартал од 2021 година е сè уште помал од оној на земјите од Заедницата пред избувнувањето на пандемијата Ковид-19. Најниска вредност е забележана во вториот квартал од 2020 година, кога емисиите изнесуваа близу 735 милиони тони еквивалент на CO2.

Во споредба со третиот квартал од минатата година, емисиите на стакленички гасови во ЕУ се зголемија за 18%, главно поради економското закрепнување по постепеното олеснување на антиепидемиските ограничувања во одделни земји на ЕУ.

Во вториот квартал од годинава, економските сектори кои генерирале најмногу емисии на стакленички гасови се индустријата и градежништвото (34% од вкупниот број), производството на електрична енергија (19%), земјоделството (14%), транспортот (8%) и други услуги (8%).

Зголемување на емисиите се забележува во речиси сите сектори. Во однос на вториот квартал од 2020 година, во индустријата и градежништвото се зголемени за 22%, во транспортот за 18%, во производството на електрична енергија за 17%, а во другите услуги за 13 проценти. Само во земјоделството тие остануваат речиси непроменети, со само 0,2% раст на годишна основа.

Емисиите на јаглерод од домаќинствата изнесуваат 153 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид, од кои 101 милион тони се за транспорт и 52 милиони тони за греење и други дејности.

На годишна основа, емисиите на јаглерод за превоз во домаќинствата се зголемени за 25%, а за греење – за 42%.

И покрај зголемувањето на емисиите на јаглерод во текот на минатата година, во позадина на економското закрепнување, долгорочниот тренд во ЕУ останува надолен, забележува Евростат.

Слични содржини