Кои уреди освоија награди на СМК 2015

од Vladimir Zorba
79 прегледи
Светскиот мобилен конгерс во Барселона ни понуди многу возбудливи моменти и премиери во последните денови, и место каде дознавме за најновите иновации на водечките брендови. Со приближувањето на неговиот крај, од ГСМ Асосиејшн, кои го организираат настанот, конечно открија кои се овогодинешните добитници на нејзините престижни награди. Жирито на јубилејното 20-то издание на настанот вклучува над 300 независни новинари, аналитичари, научници, експерти, претставници на мобилни оператори и т.н., пренесе Гсмарена.MWC2015
Интересно е дека овој пат наградата за најдобар паметен телефон на годината е поделена меѓу две од најатрактивните уреди кои ги видовме на пазарот, имено ЕлЏи Џи3 и ајФон 6. Moтo E на Моторола може да се пофали дека е победник во категоријата за најдобар модел од најнискиот ценовен сегмент, а во случајот станува збор за неговата прва генерација. Следното интересно признание е поврзано со најиновативниот таблет, кој според жирито, оваа година беше Мајкрософт Срфејс Про 3.
Паметниот часовник Moтo 360, кој продолжува да е најпродаваниот модел со Андроид Веар, пак, беше почестен со наградата за најдобра мобилната технологија. Системот Самсунг Нокс Воркспејс беше идентификуван како најсигурното решение, со кое корисниците располагаат во овој сегмент.