Актерката Мини Драјвер се прослави во деведесеттите со улоги во голем број хит филмови, и иако сега зачекори во шеесеттите години, таа не се смени многу од почетокот на нејзината кариера.
Својот младешки изглед најмногу го должи на редовниот тренинг покрај океанот, за време на кој оваа недела беше уловена од папараците.
Откако ја заврши нејзината дневна рутина, Мини ги воодушеви фановите скокајќи и трчајќи преку плажата во бела маица која стана целосно провидна поради водата.
Во невообичаено издание на плажа, таа гордо го покажа своето затегнато тело, но и лицето без шминка.
Инаку, Мини е свршена со телевизискиот режисер Адисон О’Деас од минатата година, а во минатото водеше бурен љубовен живот.
Таа има 11-годишен син Хенри, од врската со Тимоти Џеј Лео, а во текот на целата нејзина кариера се поврзуваше со Крис Ангел, Крис Ајзак, Харисон Форд, Тејлор Хокинс, Дејвид Швимер, Џон Кјузак и многумина се сеќаваат нејзиното неславно раскинување со Мет Дејмон. со кого глумеше во филмот „Добриот Вил Хантинг.
Двајцата беа во врска околу една година и некогаш беа едни од најпопуларните холивудски парови.