Кој дезинформираше дека киднапер намамувал деца кај средното музичко училиште во Скопје?

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Неодамна, една дезинформација дека киднапер намамувал деца кај средното музичко училиште во Скопје се прошири на социјалните мрежи.

На 22.03.2023, и порталот „Скопје24“ објави наслов „Се шири апел: Киднапер намамува деца во училиште со објаснување дека го пратиле родителите?!“.

Во текстот е објавена фотографија од објава на социјални мрежи со тврдење дека „се работи за киднапер на деца“ и укажување дека „Засега нема никакви официјални информации за ваков случај од МВР“.

Но, истиот ден, на 22.03.2023, МВР најостро ги демантираше „лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје“. Во демантот на МВР стои дека „Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано.“

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини