Кој е најголем показател дека како деца сме биле емотивно запоставени?

од Radmila Tasevska
441 прегледи

ПСИХОЛОЗИТЕ објаснуваат како емоционалното запоставување е всушност еден вид неуспех на родителите соодветно да одговорат на нашите емоционални потреби. Со други зборови, емоционалното запоставување во детството многу деца не го забележуваат додека не пораснат, а последиците од таквото воспитување остануваат. Експертите тврдат дека постои еден показател кој јасно може да укаже дека сме биле емотивно запоставени како деца, пренесува Your Tango.

Возрасните кои биле емоционално запоставени од нивните родители како деца се чувствуваат нецелосни, празни, неисполнети или дури ја доведуваат во прашање сопствената цел и вредност. Станува уште потешко кога емотивно запоставен возрасен ќе се наврати на своето детство за да објасни зошто се чувствува така. Психолозите предупредуваат дека голем број на емоционално запоставени поединци не се ни свесни дека нивните родители се однесувале така.

Исто така, тие не знаат дека во детството им недостигала љубов затоа што не ја паметат доволно или дека однесувањето на нивните родители било нормално затоа што тие не знаеле нешто подобро. Психолозите нагласуваат дека таквите луѓе имаат големи проблеми во зрелоста, а освен недостаток на самодоверба и верба во себе, имаат проблеми и во односите со другите луѓе, особено со сопружниците и децата откако самите ќе станат родители.

Слични содржини