Холивудската ѕвезда и оскаровец Расел Кроу изјави дека размислува да стави крај на својата актерска кариера по 40 години, пишува „Дејли Мејл“.
Тој зборуваше за тоа на 57-от Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка.
59-годишниот актер размислува за следниот чекор во животот.
– Стоите пред огледалото и си велите: „Кој е ова по ѓаволите?“. Сега сум во тој период, рече тој.
За пример го зеде 85-годишниот режисер Ридли Скот, кој се уште работи.
– За пример ќе го земам Ридли Скот: Тој сè уште работи и открива нови трендови. Или ќе бидам таков или само ќе престанам и нема да слушнете ништо од мене повеќе. Сè уште не сум одлучил. Тоа се два многу валидни избора, објасни тој.
Расел најголемата слава ја постигна со улогата во филмот „Гладијатор“ од 2000 година, за која доби и Оскар.