Кој е прилепскиот судија за кого зборуваат Јанкуловска и Ристески?

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Судијата од основниот суд во Прилеп, за кој Гордана Јанкуловска во презентираните прислушувани разговори се интересира дали е „нивен“ и дали ќе застане зад нив кога ќе му речат да заврши работа, повеќе од три години дели правда во Апелациониот суд во Битола.

Според истражувањето на НОВА, судијата Никола Крстевски бил избран за судија во битолскиот суд на 1 декември 2012 година, само еден месец пред стапување на новите законски услови за избор на судии.

Од разговорите, јасно се слуша како Гордана Јанкуловска му се јавува на прилепскиот градоначалник Марјан Ристевски и бара да и потврди дали судијата Никола Крстевски е „наш“ како што вели во разговорот и дали може ад сметаат на него кога ќе им затреба, за да го изберат за судија во Апелациониот суд во Битола.

Откако ќе добие одговор од Ристевски, дека го знае судијата, кој е по потекло од Крушево и дека бил претходно близок до друга политичка структура и вели дека може да биде избран, Јанкуловска објаснува дека не може да вети со сигурност, но ќе го има во предвид при изборот.

Фактите говорат дека Судскиот совет го избрал прилепоскиот судија на 1 декември 2012 на повисоката функција за која Јанкуловска зборува, па од таму, јасно е дека овој разговор во кој Јанкуловска се јавува е воден во периодот септември-ноември 2012 година.
Според биографијата, апелациониот судија Крстевски е роден 1963 година во Крушево. Основно и средно образование завршил во Крушево, а во 1986 година завршил Правен факултет во Битола. Правосудниот испит го положил на 1992 година . Од 1987 до 1995 година работел во „Липа“ Крушево .

Во периодот од 1995 до 1999 годинаработел како адвокат, а од 1999 до 2004 бил вработен во Центарот за социјална работа. Од 2004 до 2008 година работел како адвокат, а прв пат за судија во Основниот суд во Прилеп е избран на 27.08.2008 година. На 01.12.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Битола, и тоа на истекот на минималниот услов кој предвидува дека судија не можа да биде избран во повисок суд доколку нема најмалку три години судиско искуство во Основен суд.
Сепак, при изборот на Крстевски, но и на други судии, во конкуренција беа кандидати кои имаат и над 20 години судиско искуство, но тие не беа избрани, туку поминуваат судии без доволно искуство, од што се глед дека не биле важни квалитетот и резултатите, туку партиската блискост и гаранциите дека ќе и излезе на партијата или на партиските функционери секогаш кога ќе им затреба одлука по нивна мерка.

Во текот на денов неколку пати го баравме телефонски судијата Крстевски во Апелациониот суд во Битола, но откако ќе не поврзеше операторот и ќе го слушнеше нашиот глас, судијата ја спуштатше телефонската слушалка прекинувајќи го разговорот.

На веб страницата на судот објавен е негов службен меил, на кој му поставивме прашања, баравме коментар од него за снимката и го прашавме дали од него барале да суди во корист на ВМРО ДПМНЕ и дали би си поднел оставка по скандалот, но судијата не одговори ниту на прашањата поставени на меил.

Во меѓувреме, судски извори за НОВА потврдија дека братот на Лина Петровска, Емил Крстевски, го загубил работниот спор пред Врховниот суд и ја разгледувал опцијата да тужи во Стразбур. За судската постапка за која се договараат Михајло Маневски и Гордана Јанкуловска, судски извори велат дека е исхотдот на постапката од работен однос, каде што Крстевски добил отказ во време кога Трајко Вељановски е Претседател на Собранието, од што може и да се разбере зошто Маневки и Јанкуловска ургирале да се пресуди во негова корист и да се врати на работа, а Јово Вангеловски го послушал кумашинот Трајко Вељановски и Врховен пресудил на негова штета и покрај „џокерската“ улога на неговата сестра, член во Судскиот совет од која зависело мноизнството во Советот, па како што вело разговорот, без Лина не можат да изберат и да разрешат судии.

Поради политичките препукувања и неможноста да се договорат ВМРО ДПМНЕ и ДУИ 19 месеци без претседтел е Основниот суд Скопје 2 како и уште 20 судови меѓу кои и скопска апелација, кои речиси една година функционираат со в.д. претседатели.
Без претседател е и Судскиот совет, од декември кога и истече мандатот на Александра Зафировска и според закон нема право на повторен избор, но таа не ја напушта позицијата, ниту дозволува да се избере нов претседтел или заменикот претседтел кој е Албанец да го води Советот.

По откривање на прислушуваните разговори со кои се договара кадровската политика во судството, извори од Судскиот совет за НОВА потврдуваат дека им било наложено повторно да ја изберат Александра Зафировска и покрај тоа што нема право а како оправдување да наведуваат дека тоа се прави поради измени на законот, каде што, на местото на Министерот за правда и претседтелот а Врховниот суд ќе се изберат уште двајца судии.
До сега, поради статус-кво ситуацијата, Судскиот совет 70 дена не одржал седница, не избира и не разрешува судии./ oд Саше Димовски ТВНова