Кој е Руте да одлучува за судбината на Данска, прашува Песков

Од Кремљ велат дека руските воени експерти внимателно ќе ги следат и анализираат плановите на Вашингтон за создавање систем за противракетна одбрана наречен „Златна купола“

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Принтскрин/Скај њуз

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, нема никакви врски со Данска или Гренланд, поради што е нејасно како би можел да одлучи за судбината на Данското кралство, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Ако се прашате какви врски има генералниот секретар на НАТО со Данска или Гренланд, тешко дека ќе најдете одговор. Никакви. А како г-дин Руте би можел да одлучи за судбината на Данското кралство – тоа е исто така нејасно. Денес се случуваат многу чудни работи“, нагласи Песков.

Тој истакнал дека Гренланд е стратешки важно место во однос на стабилноста и безбедноста.

„Секако, ова е навистина стратешко место во однос на стратешката безбедност. И, секако, не сакам да зборувам за тоа кој би можел да го загрози Гренланд, но недвосмислено е дека е многу важно во однос на стратешката стабилност и безбедност“, додал портпаролот.

Руските воени експерти внимателно ќе ги следат и анализираат плановите на Вашингтон за создавање систем за противракетна одбрана наречен „Златна купола“.

„Каква „купола“ ќе биде тоа? Протиа каква закани ќе биде проектирана?“, прашал претставникот на Кремљ.

Песков нагласил дека нема сомнение дека руската војска детално ќе ги проучи и анализира овие планови.

На 21 јануари, по разговорот со Марк Руте, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се појавиле „контурите на договорот“ за Гренланд. Според порталот „Аксиос“, нацрт-договорот што Руте му го презентирал на Трамп предвидува зачувување на суверенитетот на Данска над Гренланд, како и ажурирање на условите од договорот од 1951 година за одбрана на островот.

Таквиот договор наводно би им овозможил на Соединетите Американски Држави да воспостават воени бази и таканаречени „одбранбени зони“ во Гренланд, доколку НАТО процени дека е потребно.

Слични содржини