Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ го започна својот четврти протестен марш барајќи правда и промени во системот. Протестниот марш започна пред Владата, а потоа рутата е кон Судскиот совет, Собранието па се до Кривичниот Суд.
Пред некој ден тие поднесоаи официјално формално барање за воведување на е-инспекторат. Со цел е да им дадат до знаење на граѓаните дали некој угостителски објект е безбеден или не.
Што е тоа? Едноставна алатка која ќе овозможи јавен увид во сите записници од инспекциските надзори, за да секој граѓанин може да провери дали објектите што ги посетува се безбедни.
Ујмер Мухамеди, од иницијативата, потсети дека ова не е нова идеја, туку стара познато барање кое повторно се актуелизира по молкот на институциите.
„На страницата ќе можете да внесете име на локал и да видите што констатирале инспекторите. Доколку не пронајдете ништо, тоа значи дека тој локал не е регистриран“, вели Мухамеди, објаснувајќи ја важноста на транспарентноста.
Иницијативата планира да продолжи со етапно поднесување барања поврзани со трагедијата во Кочани, каде загинаа 61 лице.