„Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ јавно им се извинува на сите граѓани што во изминатите 35 години изгради систем кој свирепо ги убива своите деца, ги загадува нашите градови и ја осиромашува нашата држава. Воедно, се извинуваме и за сите системски неправди кои ние сме ги предизвикале од 8 септември 1991 година, па се до денес“, велат иронично од оваа иницијатива.
„Целосно го разбираме револтот кон нашата иницијатива поради нашето лошо владеење во изминатите 35 години. Воедно, изразуваме целосна поддршка до сегашните и минатите народни херои кои се спротиставија на најголемиот народен непријател и уништувач на Македонија – „Кој е следен?“.
Во прилог, целосна листа на сите херои кои го бранеа македонскиот систем од злото наречено „Кој е следен?“:
2024 – х – Христијан Мицковски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ;
2024 – Талат Џафери и техничката влада;
2022-2024 – Димитар Ковачевски и владата на СДСМ и ДУИ;
2020-2022 – Зоран Заев и владата на СДСМ, БЕСА и ДУИ;
2020 – Оливер Спасовски и техничката влада;
2017-2020 – Зоран Заев и владата на СДСМ и ДУИ;
2016-2016 – Емил Димитриев и техничката влада;
2008-2016 – Никола Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ;
2006-2008 – Никола Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА;
2004-2006 – Владо Бучковски и владата на СДСМ и ДУИ;
2004- Хари Костов и владата на СДСМ и ДУИ;
2002-2004 – Бранко Црвенковски и владата на СДСМ и ДУИ;
1998-2002 – Љубчо Георгиевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ДА и ДПА;
1992-1998 – Бранко Црвенковски и владата на СДСМ и ПДП
Оваа прекрасна листа на луѓе 35 години се бори за поправеден систем во Македонија, а иницијативата „Кој е следен“ 35 години го попречува напредокот на Македонија.
Доколку ги поддржувате горенабројаните народни херои тогаш треба да останете дома и да им помогнете во нивната борба, а доколку сметате дека горенабројаните народни херои не се баш толку праведни како што се претставуваат, тогаш време е за улица, време е за организирање, време е за пркос и отпор“, се вели во иницијативата „Кој е следен“.