Прашањето во насловот може да изгледа предвремено, но вреди да се праша, дури и само за да ги намали шансите Саудијците да бидат изгубени во момент кога влегуваме во последната опасна година од претседателствувањето на Обама. Иран и Русија имаат интерес да биде симната династијата Сауд и може да пресметуваат дали претседателот Обама ќе направи нешто за да ги запре.

Ова доаѓа на ум, кога гледаме лути реакции на Иран и неговите сојузници по извршената по Нова Година егзекуција на 47 мажи за тероризам во Саудиска Арабија. Повеќето од осудените беа сунити, вклучувајќи и членови на Ал Каеда, но Саудијците го егзекутираа и истакнатиот шиитски свештеник Нимр ан Нимр, кој го предводеше шиитско востание во 2011 година
“Божјата одмазда ќе падна на тираните кои го убија”, рече во неделата високиот водач на Иран ајатолахот Али Хамнеи меѓу многуте други осуди во шиитскиот Блиски Исток. Демонстранти упаднаа во саудиската амбасада во Техеран и ја запалија, пред полицијата да ги запре со задоцнување. Саудијците одговорија, ги прекинаа дипломатските односи со Иран.
Иранскиот сојузник и поранешен премиер на Ирак Нури ал Малики ја изрази идејата за промена на режимот, велејќи дека егзекуцијата “ќе го повлече саудискиот режим, така како поради злосторството со егзекутирањето на маченикот Ас Садр од страна на Садам Хусеин.” Тој ја имаше предвид смртта на друг истакнат шиитски свештеник во Ирак во 1980 година
The Guardian: Ако дојде до Brexit,само Путин ќе трие раце
Иран и без друго има доволно причини да сака да ги урне Саудијците, кои се неговиот главен противник во конфликтот меѓу шиитите и сунитите, кој беснее во регионот на позадината на повлекувањето на Америка. Двете сили водат борба преку групи во Јемен, откако предводената од Саудијците коалиција интервенира за да престане заземањето на власта од хусите кои се во сојуз со Иран . Саудијците исто така се водечки поддржувач на “Исламска држава”, сунити кои се борат против сирискиот Башар Асад. Русија и Иран се сојузници на Асад.
Освен тоа саудиското нафтено производство одржува ниски цените на нафтата. Саудиска Арабија, која е најголем извозник од ОПЕК, одбива да го намали производството за да престане презаситеноста на испораките, кои доведоа до паѓање на цените до 37 долари за барел. Тоа значи дека Иран ќе има доста помала корист од продолжувањето на неговата способност да извезува нафта според постигнатиот нуклеарен договор со Обама.
Саудискиот извоз исто така ја казнува Русија, вториот по големина производител на нафта во светот,на која според некои пресметки и треба цена на нафтата од 100 долари за барел, за да се исполнат ветувањата на Владимир Путин дома. Рубљата падна минатата недела до најниско ниво во однос на доларот во 2015 година, а изгледите се за уште поголемо намалување на цените на нафтата. Русија и Иран би имале голема корист од внатрешните немири во Саудиска Арабија или од заканата за поголема регионална војна, што ќе доведе до скок на цените на нафтата.
Ниту едно од овие нешта не значи дека претстои директен иранско-саудиски конфликт, иако кај диктатурите никогаш не се знае. Иран немаше причина да истрелува ракети на околу 1,5 километри од американскиот воен брод “Хари Труман” минатиот месец, но може да сакал да види како ќе реагираат САД. Американската влада не одговори, додека информациите не се појавија во медиумите, а потоа беше дадена мека изјава од армијата.
Одлуката на Белата куќа минатата недела да го одложи воведувањето на нови санкции против Иран по извршените од него во последно време тестирања на балистички ракети може да го охрабри Иран да преземе поголеми ризици. Иранските лидери може да сметаат дека нуклеарниот договор става поголеми ограничувања врз САД, отколку на нивните регионални амбиции. Тие секогаш можат да се закануваат да ја напуштат нуклеарната зделка, ако САД наметнат нови санкции. Корпусот на гардата на исламската револуција, исто така може да смета дека има повеќе слобода за дејствување, со оглед на поддршката на Русија во Сирија и планот за испорака на против-авионски проектили “С-300”.
Што се однесува до Саудијците, на нив може да им се прости, што се сомневаат дали можат да се потпрат на претседателот Обама. Праведно или не, тие направија заклучок од падот на Хосни Мубарак во Египет, дека оваа американска влада ќе ги напушти пријателите кога ситуацијата ќе стане жешка. Тие видоа како Обама отстапи од својата “црвена линија” во 2013 година во Сирија, како се приспособи кон рускиот реваншизам во Крим и како сега може да му овозможи на Асад да ја задржи власта во Сирија. Саудијците се замешаа во Бахреин во 2011 година, без да кажат на САД, а неодамна создадоа нова коалиција од сунитски држави за борба против “Исламска држава” – повторно без САД.
Саудијците се однесуваат сурово кон несогласните дома, но шиитскиот свештеник Нимр не беше активист за човекови права. Џозеф Броди од Институтот за истражување на надворешната политика, рече дека во 80-тите и 90-тите години на 20-тиот век Нимр бил водач во вооружената група “Хезболах ал Хиџаз” во Источната провинција на Саудиска Арабија. Нимр ги следел учењата на иранскиот ајатолах Хомеини и ги прогласил сунитските владејачки династии во Саудиска Арабија, Бахреин и Кувајт за нелегитимни. Иако подоцна ја ублажи револуционерна реторика, кон 2009 година тој повторно се заложи за воена опција.
Саудијците често се тешки сојузници, особено со оглед на поддршката на богати вахабистички шеици за радикални исламски џамии и училишта во светот. Но, во еден Близок Исток, потресена од граѓански војни, политички пресврти и ирански империјализам, Саудијците се најдобри пријатели кои ги имаме на Арапскиот Полуостров. САД би требало да им дадат на Иран и Русија јасно до знаење дека ќе го штити кралството од ирански обиди за дестабилизација или упад.
“Волстрит џурнал”