7,7K
Американскиот рап музичар „50 Cent“ тврди дека поради злоупотреба бил оштетен за милиони долари.
Раперот тврди дека хакери ја злоупотребиле неговиот налог за тргување со криптовалути за да заработат милиони долари.
„Кој и да го направил ова заработил 3.000.000 долари за 30 минути“, напиша раперот на платформата „X“.
„50 Cent“ тврди дека хакер го користел неговиот профил на „Х“ за да промовира крипто-токен наречен „GUNIT“, кој се однесува на хип-хоп групата „G-Unit“ во која претходно настапуваше токму раперот, пренесува „Fox Business“.
Во петокот, хакер ја објавил пораката „$GUNIT само за победниците…“, што поттикнало непознат број корисници да ја купат оваа криптовалута.