Според податоците на „Global Firepower“ за 2025 година, Русија е далеку пред Европа по бројот на тенкови – дури 5.750. Иако често се зборува за слабеење на руските воени капацитети поради војната во Украина, бројот на тенкови покажува дека Русија сè уште има силна копнена армија, иако прашањето е колку од нив се всушност оперативни. Прва во светот е Кина, додека САД се на третото место.
Од 145 рангирани земји во светот, Македонија е на 102 место со 20 тенкови.
На второ место на ова рангирање во Европа е Турција со импресивни 2.238 тенкови, додека Украина, и покрај воената состојба, има 1.114 тенкови, што ја става меѓу првите на Стариот континент. Грција, иако е територијално помала земја, има дури 1.344 тенкови, што е повеќе од изненадувачки и е резултат на долгорочни воени инвестиции, првенствено поради тензиите со Турција.
Со 614 тенкови, Полска води меѓу земјите од Европската Унија, потврдувајќи ја својата сè поважна улога во безбедносната политика на ЕУ. По неа следуваат Германија (296), Шпанија (317), Романија (328) и Франција (215). Велика Британија има 227 тенкови.
На просторот на Западен Балкан, Србија убедливо води со 262 тенкови со што значително ги надминува своите соседи. Хрватска има 75 тенкови, додека Босна и Херцеговина има 46, а Албанија 45. Како што стои во анализата, Црна Гора и Косово немаат тенкови.
Инфографикот јасно ги покажува големите разлики. Додека некои земји, како што се Русија и Турција, одржуваат силни копнени сили, други одлучија да ги намалат капацитетите на тенковите и да ја модернизираат својата војска преку различни форми на воена технологија.