Кој има пари за фрлање? Австриската полиција во Дунав најде 100.000 евра

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Австриската полиција до Дунав најде банкноти вредни повеќе од 100.000 евра, кои од водата ги извадија пожарникари, соопшти денес полицијата.

_87072871_87072870

Не е познато како парите стигнале во Дунав, ниту кој е сопственик.

Портпаролот на полицијата изјави дека во последниот период не е пријавена ниедна кражба.
Од полицијата апелираат дека ако сопственикот не биде пронајден, парите ќе му бидат вратени на наоѓачот, односно на човекот кој во саботата ги забележал еврата во Дунав и скокнал во реката да ги извади.