„Кој ја освои Златната топка, Дарко Панчев или Зоран Ванев“: Квиз во Србија стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
474 прегледи

Едно прашање од српскиот квиз „Потера“ стана популарно на социјалните мрежи поради грешките на натпреварувачите кои не следат фудбал.

За многумина, ова прашање е лесно, но еден натпреварувач немаше среќа да претпостави затоа што не следи фудбал.

Имено, прашањето беше „кој Бугарин ја освои Златната топка на францускиот фудбал во 1994 година“, а натпреварувачот беше во дилема меѓу Зоран Ванев и Христо Стоичков, а третиот понуден одговор беше и точниот, односно Дарко Панчев.

Панчев веднаш испадна од конкуренцијата за одговор, а натпреварувачот се двоумеше помеѓу Зоран Ванев, кој е македонски поп-пејач и Христо Стоичков, легенда на бугарскиот и светскиот фудбал.

Поради тоа, снимката од емисијата стана вирална на социјалните мрежи, па дури и Јован Мемедовиќ како водител беше изненаден од одговорот на учесникот во квизот.

Слични содржини