Кој ќе биде „фатен“ невакциниран ќе плати казна до 3 600 евра, вакцинацијата стана задолжителна во Австрија

од Берта Китинска
394 прегледи

Законот за воведување задолжителна вакцинација во Австрија стапува на сила во сабота, откако беше потпишан од претседателот Александар Ван дер Белен и канцеларот Карл Нехамер, а беше навремено и официјално објавен.

Со стапувањето во сила на Законот, сите полнолетни граѓани со дозвола за престој во Австрија мора да се вакцинираат против коронавирусот.

Од задолжителната вакцинација се ослободени само бремените жени и лицата кои не можат да се вакцинираат поради медицински причини, како и лицата кои биле подложени на COVID-19 180 дена.

Во првата фаза нема да има казни до средината на март, граѓаните само ќе бидат информирани за обврската да се вакцинираат, пишува Танјуг.

Прифатена е и кинеската вакцина

Австриската полиција од 16 март ќе го проверува статусот на вакцинација на граѓаните при вообичаените контроли.

За непочитување на законот се казнува од 600 до 3.600 евра.

Кој ќе биде „фатен“ невакциниран, ако веднаш ја прифати казната, ќе биде казнет со 600 евра, а ако поднесе жалба ќе треба да смета на казна и до 3.600 евра.

Пред стапување во сила на Законот, Министерството за здравство мора да донесе соодветен пропис со кој ќе се утврди кои вакцини се прифаќаат, како и сите исклучоци.

Ќе бидат прифстени и вакцините кои нема да бидат одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), како што е кинеската, но не и рускиот Спутник.

Австрија е првата земја во ЕУ која воведе универзална задолжителна вакцинација.

Слични содржини