Во 2022 година, Pfizer ќе доминира на пазарот на таблети против КОВИД-19 вреден 20 милијарди американски долари. Ова го покажува анализата објавена во време кога богатите земји брзаат да обезбедат залихи, а посиромашните ќе мора да чекаат до почетокот на 2023 година за компаниите за генерички лекови да произведуваат големи количини, пишува „Bloomberg“.
Американската компанија, која веќе прави големи профити од својата вакцина против Ковид, се очекува да собере околу 17 милијарди долари од продажбата на својот експериментален лек „paxlovid“ во 2022 година, според анализата на „Airfinity“. Таблетата „molnupiravir“ на Merck ќе генерира приход од околу 2,5 милијарди долари следната година, според компанијата за податоци со седиште во Лондон.
Побарувачката за лекот против Ковид-19 веројатно ќе ја надмине понудата ширум светот и неизвесноста на научниците за тоа како вакцините и лековите со антитела ќе се справат со „омикрон“ и другите варијанти што може да се појават. Набавките од богатите земји ја зголемија загриженоста дека по борбата за добивање вакцини, земјите може повторно да заостанат и покрај договорите за лиценцирање насочени кон проширување на резервите на лекови.
„Прашањето на нееднаквоста во пристапот до лековите против КОВИД е нагласено“, рече Џон Амуаси, специјалист за глобално здравје и заразни болести во Центарот за заедничко истражување во тропската медицина Кумаси во Гана. „Нема причина да се мисли дека тоа нема да биде проблем. Јасно е дека ќе биде. Колку побрзо се разбере, толку подобро“, додаде тој.
Pfizer и Merck се согласија да им дозволат на производителите на генерички лекови да произведуваат евтини верзии на нивните таблети за земји со низок или среден приход. Договорите би можеле да значат дека испораките ќе почнат да стигнуваат до тие земји во рок од неколку месеци, рече минатиот месец Чарлс Гор, извршен директор на Medicines Patent Pool, поддржан од ОН.
Фармацевтските компании објавија серија чекори што ги презеле за да го прошират пристапот до нивните лекови на глобално ниво. Merck очекува неговиот лек да биде достапен во земји со претежно високи, средни и ниски приходи речиси истовремено.
Компанијата соопшти дека задржала најмалку три милиони дози залихи до земјите со низок и среден приход за првата половина на 2022 година и очекува уште три милиони дози генерички лекови да бидат произведени преку договори за лиценцирање во истиот период. За секој лек се поднесени повеќе од сто апликации, според податоците за патентите, а нејасно е колку производители на генерички лекови ќе добијат лиценци.
Штом компаниите ќе добијат дозвола, тие треба да произведат пилула, да спроведат истражување за да докажат дека делува како оригиналот и да побараат одобрение од регулаторите.
„Се надеваме дека тоа ќе се случи брзо, но нашиот производ нема да биде достапен до крајот на следната година. Ќе се обидеме да го придвижиме процесот побрзо“, рече Желиз МекКалоу, портпаролка на канцеларијата за патенти со седиште во Женева.
Останува загриженоста за тоа колку време ќе биде потребно за испораките да стигнат до многу земји. Здравствените застапници бараат дополнителни чекори за проширување на пристапот, вклучително и засилување на тестирањето во земјите со ниски приходи за откривање случаи во првите денови од инфекцијата, кога лековите може да бидат најефективни.
Целта на Pfizer е да ги обезбеди своите антивирусни таблети на најсиромашните пациенти што е можно поскоро и по прифатлива цена, доколку регулаторите во земјата дадат дозвола, рече портпаролката на компанијата Шерон Кастиљо во е-пошта. Merck не одговори на барањето за коментар.
Некои производители на генерички производи рекоа дека можат да произведат десет милиони дози апчиња против КОВИД, но треба да се решат регулаторните бариери и другите предизвици.