245
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес изјави дека поранешниот министер за внатрешни работи Јурис Карајев и поранешниот министер за здравство Владимир Караник може да го заменат како претседател во иднина.
Лукашенко рече дека промената на владата може да се случи само преку избори и посочи дека неговите деца нема да станат претседатели по него, пренесува ТАСС.
„Имам двајца кои можат да учествуваат на изборите, тие се силни кандидати. Едниот е генерал Караев, другиот е гувернер Караник. Тие се млади, паметни и знаат колку вреди оваа земја“, рече Лукашенко.