Во Германија, избирачките места беа отворени во неделата наутро каде што граѓаните избираат 20-то свикување на Бундестагот, а во федералните покраини Берлин и Мекленбург-Западна Померанија се избираат и парламенти на провинциите. За прв пат, по 16 години и четири мандати, Ангела Меркел не е кандидат за канцелар.
Околу 60,4 милиони Германци имаат право да гласаат на изборите, што е речиси еден милион помалку гласачи отколку пред четири години на последните парламентарни избори во 2017 година. Околу 2,8 милиони луѓе за првпат гласаат на изборите во Бундестагот.
Германија е поделена на 299 изборни единици, повеќето од нив во најнаселената федерална држава Северна Рајна-Вестфалија (64) и најмалку во федералната држава-град Бремен (2).
Првите проценки врз основа на излезните анкети беа објавени веднаш по затворањето на избирачките места во 18:00 часот. Резултатите врз основа на пребројаните гласови ќе пристигнат во текот на вечерта, а првите нецелосни официјални резултати се очекуваат околу полноќ.
Според првите резултати СПД освои 25 проценти, ЦДУ и ЦСУ 25 проценти, Зелените 15 проценти, ФДП 11 проценти, АфД 11 проценти, Ди Линк 5 проценти, а другите 8 проценти.
Po izlaznim anketama, najuvjerljiviju većinu mogla bi imati Semafor koalicija (SPD, Grune i FDP), a moguće su i dosadašnja Crveno-crna koalicija i Jamajka, koja bi zaobišla relativne pobjednike iz SPDa. @N1infoZG https://t.co/xWejQ32jDc pic.twitter.com/a86tnqCM9O
— Domagoj Novokmet (@DomagojNovokmet) September 26, 2021