Кој ќе ја наследи Ангела Меркел? Објавени првите излезни анкети во Германија

од Берта Китинска

Во Германија, избирачките места беа отворени во неделата наутро каде што граѓаните избираат 20-то свикување на Бундестагот, а во федералните покраини Берлин и Мекленбург-Западна Померанија се избираат и парламенти на провинциите. За прв пат, по 16 години и четири мандати, Ангела Меркел не е кандидат за канцелар.

Околу 60,4 милиони Германци имаат право да гласаат на изборите, што е речиси еден милион помалку гласачи отколку пред четири години на последните парламентарни избори во 2017 година. Околу 2,8 милиони луѓе за првпат гласаат на изборите во Бундестагот.

Германија е поделена на 299 изборни единици, повеќето од нив во најнаселената федерална држава Северна Рајна-Вестфалија (64) и најмалку во федералната држава-град Бремен (2).

Првите проценки врз основа на излезните анкети беа објавени веднаш по затворањето на избирачките места во 18:00 часот. Резултатите врз основа на пребројаните гласови ќе пристигнат во текот на вечерта, а првите нецелосни официјални резултати се очекуваат околу полноќ.

Според  првите  резултати СПД освои 25 проценти, ЦДУ и ЦСУ 25 проценти, Зелените 15 проценти, ФДП 11 проценти, АфД 11 проценти, Ди Линк 5 проценти, а другите 8 проценти.

Слични содржини