Кој ќе ги брани источно-европејците од Русија?

од desk3
162 прегледи

Во НАТО се убедени дека Црното Море не треба да се претвора во море, доминирано од Русите. Затоа Алијансата се подготвува да ги заштити земјите од регионот. Ќе доведе ли тоа до нова ремилитаризација и нова Студена војна?- анализира DW.

0,,19312269_303,00

Во времето на комунистичката диктатура во Романија раскажуваа еден виц: од сите соседи на земјата, на еден може да се има доверба – на Црното Море. Сега, сепак и тоа како да се менува. Анексија на Крим и војната во источна Украина создаде тензија и во Југоисточна Европа. Од земјите во овој регион најмногу Романија се чувствува загрозена и инсистира на самитот на НАТО во Варшава да добие обврзувачки ветување за зајакнување на југоисточниот крило на Алијансата – за слично засилување во својот регион инсистираат Полска и балтичките држави. Во Букурешт се почесто ќе слуша тврдењето дека Црното Море веќе е “руско Море”.

НАТО ја зема сосема сериозно потребата на источноевропските земји-членки за повеќе безбедност. Ја покажува не само бараната подготвеност да бидат распоредени 4.000 војници во балтичките земји и во Полска. Се очекува во Варшава да биде одобрен обелоденетиот од страна на Генералниот секретар Јенс Столтенберг посебен план за безбедност во југоисточниот регион. На самитот треба да се донесат и решенија за преминувањето на американскиот противракетен штит во Романија под команда на НАТО и за создавање на мултинационална бригада во истата земја.

Во ЕУ лебди духот на еврокатастројката

Германскиот генерал Хајнрих Браус, заменик-генерален секретар на НАТО за одбранбена политика и военото планирање, го опиша пред ДВ новиот пристап на Алијансата кон источното крило на следниов начин: “Нашата одвраќачка стратегија покрива периметар од 360 степени. Односно, вклучувајќи исток, југ и југоисток. “Според Браус е јасно дека Балтичкиот регион е од големо значење, но исто толку јасно е и друго: дека Црното Море не може и не треба да се претвори во море, доминирана од Русија.

Катаржина Кубјак и Волфганг Рихтер од германскиот мнаучен центар “Наука и политика”, исто така, во интервју за Дојче веле ја маркираат стратегијата на НАТО во регионот: “Можно е Русија и засегнатите страни да ги протолкувале противракетна лансери во Романија и во Полска, како дел од мерките на НАТО за зголемување на безбедноста во источните земји-членки “предупредуваат тие и објаснуваат дека двете работи не се поврзани, но случајното појавување во ова време создава таков впечаток.

Нестабилноста во Европа се зголемува

0,,19386003_4,00

Ако средбата во Варшава даде поттик за ново вооружување и распоредување на војници во балтичките земји, тоа всушност ќе доведе до ползечко ремилитаризација по границата меѓу НАТО и Русија, односно Белорусија, стравуваат двајцата експерти.

“Точно дека тоа уште нема да биде нова Студена војна, но нестабилноста во Европа ќе продолжи да се зголемува и можеме да се плашиме од нова поделба на Европа”, предупредуваат тие.

Волфганг Ишингер, претседател на авторитетната Минхенска Конференција за безбедност, ја брани стратегијата на НАТО во Источна Европа. Тој потсетува дека НАТО не ја носи вината за новата закана што ја чувствуваат источноевропските земји-членки по настаните во Украина. Москва користи “масивни пропагандни аргументи”, вели Ишингер, а НАТО според него реагира адекватно на потребата на источните земји за повеќе безбедност; четирите баталјони на Алијансата во балтичките држави и во Полска не се во контрадикција со Основувачкиот акт, потпишан од НАТО и Русија.

Во исто време Ишингер очекува на средбата во Варшава на убедлив начин да биде потврден предлогот за мерки на меѓусебна доверба, упатен кон Русија. Тој се надева дека и руската страна ќе покаже воздржаност: “Русија не смее да реагира надвор од мерата на правилните мерки кои ги донесе НАТО, таа не треба да дава импулс за нова спирала во вооружување” – вели тој и потсетува дека предлогот на НАТО за соработка е на масата и чека одобрение од Русија.

Самитот во Варшава ќе се занимава сепак и со уште една тема. Заедно со одлуките веќе објавени како “историски”, во полската престолнина се очекува јасен сигнал од Лондон по референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ. Бидејќи не само источните стравуваат дека ако Велика Британија навистина ја напушти ЕУ, источното крило на НАТО ќе биде ослабено. Универзално е мислењето дека Лондон не треба да се изолира и не треба да се откажува од клучната улога во НАТО.