Во последната 14 та “БОМБА” на лидерот на СДСМ, Зоран Заев имавме прилика на слушнеме како се договараат тендерите за автопатот Кичево-Охрид и автопатото Штип-Миладиновци и како се договара процентот од 5% мито од вкупната цена,објавува порталот револуционер.мк
Според материјалот кој што имавме можност да го слушнеме дознавме дека 15 милиони евра мито (колку што Груевски му вели на Јанакиески да побара од Кинезите за еден автопат) изнесува нешто над 0,5 отсто од националниот буџет. 30 милиони евра мито за двата автопати се нешто над 1 отсто од овогодишниот државен буџет од 2,94 милијарди евра на расходната страна.
Ова значи дека од секои, ама баш секои 100 денари што како даноци, такси и други давачки влегле во буџетот, еден денар завршил во џебот на Груевски, Јанакиески и некој друг.
На официјалната веб страна на кинеската компаија “SinoHydro” која што го доби тендерот за двата автопати достапно е бизнис портфолиото за изградбата на двата автопати.

И во дватете портфолиа има презентирано различна цена од онаа која што беше претставена како договорена цена, односно од вистинската цена.

Забележете како Кинезите, пак, го лажат светот за договорените износи од тендерите во Македонија.
