Постојат можност невакцинираните лица во Србија сами да плаќаат за лечење на ковид 19.
Оваа можност за првпат ја соопшти претседателот Александар Вучиќ, објавувајќи дека добил таков предлог од голем број лекари, а вчера министерот за здравство, Златибор Лончар, го поддржа предлогот на докторите, оценувајќи го како „сосема логичен“ .
За ова уште не е донесена одлука, и Вучиќ засега не прифаќа воведување вакви правила, но признава дека се поочигледно е дека државата ќе мора да реагира на некој начин за да се спречи ширењето на вирусот. Иако вакцините се достапни со месеци наназад и граѓаните дури може и да се изберат, скоро 51 процент од возрасните во Србија не се се уште вакцинирани, а ако се се смета вкупното население, дури 62 проценти немаат примено вакцина.
– Добив многу предлози од лекарите луѓето кои не се вакцинирани, а имаат можност да ја примат вакцината, да им се наплаѓаат трошоците за лекување на корона вирусот, рече Вучиќ.