Вредноста на акциите на Apple се зголеми за 22 отсто во последните три месеци, благодарение на добрата заработка и големите очекувања од примената на вештачката интелигенција.
Извршниот директор на оваа компанија, Тим Кук, поседува 3,28 милиони акции на Apple, чија вкупна вредност е 690 милиони долари. Сепак, едно лице поседува многу поголем број акции.
Станува збор за претседателот на Apple, Ари Левинсон, кој има 4,59 милиони акции. Левинсон има повеќе акции од кој било друг индивидуален акционер.
Меѓутоа, кога станува збор за институционална сопственост, водечкиот инвестициски конгломерат Berkshire Hathaway, чиј извршен директор е Ворен Бафет, поседува 790 милиони акции.
Малку порано овој конгломерат беше сопственик на 915,6 милиони акции. Не е познато колку акции поседува самиот Бафет во Apple, пишува деловниот портал Yahoo Finance.