Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, инаку и универзитетски професор и поранешен советник за енергетика на експремиерот Никола Груевски и своевремено сопственик на неколку хидроцентрали во земјава, повторно се впушти во лична пресметка со мене на социјалните мрежи, овој пат охрабрен од првостепената одлука на судот со која пресуди (делумно) во негова корист.
Тој на 20 јуни напиша:
Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат.
На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен. Не успеаја…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник.
www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.
Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција…
Ве молам, обрнете внимание на овој текст. Не го пишувам заради мене. Во овој случај постојат опасни преседани кои може да имаат долготрајно негативно влијание врз работата на медиумите и слободата на говорот воопшто.
Пред сè, Мицкоски со коментирање и цитирање на неправосилната пресуда ја доведува јавноста во заблуда дека, наводно, тоа е свршен чин и „правдата“ е на негова страна. Притоа, лаже и се заканува. Тој добро знае што прави, а најмала грижа му е моралот.
Дозволете ми да се обидам, во неколку точки, да предупредам на опасностите што се кријат зад ова однесување на шефот на ВМРО-ДПМНЕ и на можните последици по слободата говорот во нашата земја во иднина.
Целата колумна на следниот линк!