Кој верува во “фер избори” во Русија

од desk3
87 прегледи

Новата претседателка на ЦИК во Русија им ветува на Русите фер избори. Некои веќе очекуваат чудо да се случи. Да не би пак навистина да настапи ново “топење на мразот”?-анализира DW.

0,,19094096_303,00

Немаше ништо поздодевно од изборите во државната Дума,кои одамна се претворија во “договорен натпревар” со однапред познат резултат. Назначувањето на Ела Памфилова за претседател на ЦИК неочекувано донесе интригантен елемент во претстојната предизборна кампања. Кога го поништи претходното гласање во Барвиха, Московска област, таа покажува дека нема да ги затвора очите за грубите прекршувања на изборната легислатива. Веднаш се појавија оптимисти кои очекуваат вистинска конкуренција и фер избори.

Само што руските власти едвај одеднаш се исправија и сакаат да станат чесни. Работата е дека на нив веќе не им е потребно да фалсификуваат убедлива победа на партијата “Единствена Русија”. По анексијата на Крим во земјата се формира абсолитистички режим, при што единствена власт се потпира не на владејачката партија, туку на пропретсетадетлскиот консензус меѓу главните легални политички сили.

0,,18672650_404,00
Владимир Путин дури е заинтерeсиран за тоа, во идниот парламент да нема еднопратиска превласт. Тогаш тој ќе може да влезе во улогата на врховен арбитер, без чија поддршка не може да биде решен ниту еден збор. Покрај тоа релативната загуба на “Единствена Русија” ќе значи личен пораз за премиерот Дмитриј Медведев. И во пресрет на новите претседателски избори тоа ќе потврди уште еднаш дека Путин е единствениот сериозен управен политичар.

Во војна одат само старците

 

Обама на крајот сепак бил шегобиец

Партиите во Думата не се опасни за Кремљ. Неговата главна задача е да не дозволи во политиката ништо животворно, неконтролирано и непредвидливо. Затоа и парламентарните избори одамна потсетуваат на трката со исти учесници кои одамна ја изгубиле спортската форма , од кои однапред знаеш што можеш да очекуваш.

Секој играч на изборната сцена има одредена улога. “Единствена Русија” работи за оние кои се по повикот на срцето или по принуда “се секогаш подготвени” да трчаат натаму, насока која ќе ја каже законот. За последната година “Единствена Русија” загуби околу една десетина од своите поддржувачи. Кај другите парламентарни партии, исто така не се забележува значително зголемување на популарноста. Во општеството постои уште потребата од нова, вистинска опозиција.

Без странски луѓе

Овој пат властите очигледно нема да крадат гласови за “Единствена Русија” од другите партии во парламентот. И покрај тоа претстојните избори нема да бидат фер. Моментално властите потиснуваат опозициските сили уште во првите настапи кон гласањето. Така на пример во испробаните традиции на КГБ властите започнаа успешна информациска провокација против демократската коалиција врз основа на партијата Парнас. Тие демонстрираат дека не се подготвени да трпат критика кон Путин, неговите пријатели и роднини, нивните офшор шеми, корупција и раскош. Тие нема да дозволат такви критичари до изборите. Судбината на партијата “Јаблоко” исто така зависи од тоа дали во текот на предизиборната кампања таа ќе зачне “забранети” теми.

Стеблото го пробива асфалтот

Последните истражувања на центарот Левада по повод оф-шор скандалот покажуваат дека речиси половина Руси во различен степен го обвинуваат Путин во злоупотреба на власта. А 14 отсто од анкетираните сметаат дека претседателот несомнено е виновен за злоупотребите.
Вистинскиот број на таквите луѓе е значително поголем, бидејќи една четвртина од испитаниците признаваат дека се плашат да го споделат своето вистинско мислење. Овие луѓе се потенцијалниот електорат на реалната опозиција, која во нормални избори би обезбедила влегување во парламентот.

Во последните години властите напорно го “асфалтираа” политичкото поле и уништување на секоја жива и самостојна мисла. Но живите стебла го дупчат и дебелиот асфалт. Надвор од контролираниот од Кремљ политички простор беше создаден “Фонд за борба против корупцијата”. Се појавија такви организации како Парнас “Партија на напредокот”, “Партија 5 декември”, движењето “Солидарност” и други. Тие се подложени на огромен притисок. Властите вршат против нив различни видови провокации, почнувајќи од хулигански напади и се дојде до кривични дела. Многу од овие организации го доживува моментот како тешки времиња. Но независно од сè, тие постојат и се борат.

Се разбира, властите нема да ги допуштат до парламентарните избори. Но иднината и припаѓа токму на таква забранета и неконтролирана од властите политика.