Гледаме како Ангела Меркел активно и се додворува на Турција – една страна со сериозни дефицити во однос на демократските стандарди. Овој потег го субверзира нејзиниот авторитет – и едвај ќе ја спаси, коментира DW.
Бегалската криза создава работа веќе и на НАТО: Алијансата ќе ги запира шверцерите по море меѓу турскиот и грчкиот брег. За тоа се договорија германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу, во понеделникот во Анкара. За среќа министрите од НАТО се собираат уште во среда во Брисел. На средбата тие ќе можат да дискутираат и ова најновиот поврат.
Европа нема план
Го оставаме настрана прашањето дали ваквата задача влегува во надлежностите на НАТО. Но дури само мислата за една таква операција јасно покажува дека Европа нема општ план. И кога зборуваме за Европа, мислиме и Турција, бидејќи уште од 1999 година земјата е официјален кандидат за членство во ЕУ. Во последните години германската канцеларка Меркел не запираше да повторува дека би се согласила само привилегирано, но не и полноправно членство на Турција во ЕУ. Долго време токму Германија имаше нешто како монопол над оваа тема. Но сега работите постепено се менуваат.
29 Aлбанци обвинетите во случајот „Диво насеље“
Ердоган ја одредува цената
Цените, како на политички, така и на финансиски план ја определува веќе во голема мера самата Турција, која при управувањето на Ердоган и без друго стекна нова самодоверба. Да потсетиме само за оние 3 милијарди евра, кои беа ветени на земјата за двата милиони сириски бегалци во Турција. Од гледна точка на нивната катастрофално положба, овие пари се повеќе од потребни. Но тие имаат и друга цел – да и обезбедат на изпокараната ЕУ здив. Бидејќи овие пари се даваат со надеж дека во Европа ќе пристигнат помалку бегалци.
И бидејќи Германија го узвезува најголемиот товар во бегалската криза, таа се обврза да ги преземе и лавовските чекори на оваа сметка. Сомнително е дали ќе излезат политичките сметки на Меркел. Бидејќи и откако беше засилена мисијата “Фронтекс”, која има за задача да ги чува надворешните граници на ЕУ, бегалците продолжуваат да пристигнуваат – по море и по т.н. “балкански пат”. А дека сега ЕУ бара помош од НАТО, значи само едно: признание дека Европа не може да се справи сама.
Анкара не го заслужија овој пораст на нејзините акции
На Меркел и останува само едната гола надеж. И затоа таа испраќа во Турција и екипи на германската служба за борба со катастрофи THW. Место тие ќе им помагаат на сиромашни Сиријци кои бегаат од бомбите на Асад и на Путин. Но сегашниот бегалска бран од регионот на Алепо нема да е последен – притисокот врз Турција ќе се засилува. А тоа значи дека турската влада може и да побара уште поддршка. Но секоја наредна финансиска помош, секоја наредна средба со Меркел би значеле пораст уште повеќе на политичките акции на Анкара. А таа едноставно не го заслужува.
Кандидатката за еврочленство Турција е сеуште на светлосни години од демократските стандарди. Доволно е да се спомене воинствениот нејзин однос кон Курдите или трагичната ситуација со медиумската слобода. И покрај сето ова Германија допира со кадифени ракавици и се воздржува од остри критики на адреса на Анкара. Индикативно е дека пред две недели се одржаа и првите владини консултации меѓу двете земји.
Меркел заработува само одложување
И додека Анкара се радува на својата нова улога, положбата на Меркел се влошува се повеќе. Додворувањето на земја како Турција, таа обезбедува само крај. На долг рок, сепак тоа нема да и ‘помогне. Бидејќи Германија е само на почеток на бегалската криза – ќе продолжат да пристигнуваат стотици илјади бегалци, кои ќе треба да бидат сместени, нахранети интегрирани. За овие луѓе Меркел може и да изгледа достојна за доверба. Но, колку и да е прагматична, пристапот нејзин кон Турција не буди доверба. Бидејќи е неискрен и дволичен.
