Која беше Амбер Херд пред Џони Деп

од Stefanija Kuzmanovska
559 прегледи

Судењето на Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд со денови е главна тема и на домашните и на светските медиуми. Многу детали од животот на Деп веќе и се надалеку познати на јавноста, но малкумина знаат која била Амбер пред бракот со познатиот актер.

Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга поради напис во Вашингтон пост од 2018 година, во кој Амбер се опиша себеси како жртва на семејно насилство. Иако не го именуваше Џони, јасно е дека мислеше на него. Судењето трае веќе неколку недели, а Амбер сведочеше на последните рочишта.

„Тука сум затоа што мојот поранешен сопруг ме тужи. Се мачам да најдам зборови за да опишам колку е ова болно, ужасно е да седиш овде со недели и да го доживуваш сето ова. Ова е најболното и најтешкото нешто низ кое сум поминала“, изјави Амбер, на која, судејќи по коментарите на социјалните мрежи, малкумина ѝ веруваат.

Херд е родена во Остин, Тексас, нејзините родители не биле многу богати, а нејзиниот татко Дејвид бил сопственик на мала градежна компанија.

Таа има помлада сестра, Витни. Амбер во младоста не се занимавала со глума, туку со манекенство.

Таа пораснала во католичко и конзервативно семејство, а станала атеист на 16-годишна возраст, откако нејзината најдобра пријателка загинала во сообраќајна несреќа. Следната година го напуштила средното училиште, отишла во Лос Анџелес и почнала да се занимава со актерство.

Својата актерска кариера ја започнала во музички спотови за песните „There Goes My Life“ и „I Wasn’t Prepared“, како и во мали улоги во телевизиски серии. Првата улога во филм ја добила во 2006 година, а улогата по која ѝ стана позната на јавноста е во филмот „Аквамен“. Инаку, нејзиното појавување во продолжението на овој филм е доведено во прашање, откако повеќе од три милиони луѓе потпишаа петиција Амбер да ја изгуби оваа улога.

Амбер и Џони се запознале во 2011 година, а таа тогаш била во врска со сликарката и фотограф Таша ван Ре, чие презиме го носела во тоа време. Херд тогаш изјавила дека не сака да се вклопи во одредена сексуалност. За време на нејзината врска со Таша, Амбер беше уапсена поради насилство, но Ван Ре подоцна рече дека сето тоа било недоразбирање.

„Имав успешни врски и со мажи и со жени. Го сакам тоа што го сакам, важно ми е каква личност е некој“, рекла Амбер.

По Деп, актерката беше во кратка врска со милијардерот Илон Маск, а после него повторно стапила во врска со жена, продуцентката Бјанка Бути. Минатата година доби и ќерка која ја роди сурогат мајка.

Слични содржини