Која беше кралицата Елизабета: Преживеа атентат, присуствувала на погребот на Тито…

од Nikola Popovski
241 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора почина денеска на 96-годишна возраст, а за време на нејзиниот живот живееше да стане вториот најдолговечен монарх во светот и преживеа обид за атентат.

Кралицата, која имаше проблеми со мобилноста, неодамна презеде помалку официјални должности, а членовите на нејзиното семејство, особено принцот Чарлс и Камила, преземаа позначајна улога.

Во јуни, британската кралица стана рекордер – втор најдолговечен монарх, по Луј Четиринаесетти, кој беше крунисан на четиригодишна возраст.

На крајот од четиридневното одбележување на платинестиот јубилеј, односно седум децении на власт, таа на британската јавност и порача дека „се чувствува понизно“ и дека е „длабоко трогната“ од бројот на луѓе кои славеле.

Елизабета Втора (96) го презеде тронот на 2 јуни 1953 година, по смртта на нејзиниот татко, кога таа имаше 25 години.

Тоа не беше титула кон која се стремеше, рече тогаш. По бројот на години на тронот, таа ја надмина и кралицата Викторија, која до 2015 година го држеше рекордот како најдолговечен владетел на британската монархија.

Лилибет, како што ја нарекувале нејзиниот дедо, кралот Џорџ Петти и нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, како и нејзиниот сопруг покојниот Филип, принцот од Единбург, бил учесник во Втората светска војна и првата жена член на британското кралско семејството да служи војска. Таа беше обучена како механичар.

Се вели дека британската кралица добивала и до 300 писма на ден и дека таа самата избирала кои да ги чита, додека персоналот одговарал.

Според зборовите на нејзините роднини, кралицата Елизабета Втора сакала да пие чаша џин пред ручек. За време на оброкот пиела вино и мартини, а навечер пиела шампањ.

Секое утро под нејзиниот прозорец нешто пред девет часот ѝ свирел гајдаџија.

Британската кралица прослави два родендени – првиот во април кога се роди, а вториот во јуни според традицијата што ја воведе нејзиниот предок, со убаво време и воена парада. До лани возела и самата.

Се смета дека таа посетила најмногу земји од сите светски лидери.

Јосип Броз Тито заедно со сопругата Јованка Броз беа домаќини на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип и принцезата Ана уште во 1972 година во СФР Југославија. Кралицата била и во Белград на погребот на Тито во 1980 година.

Иако не била обврзана да плаќа данок, тоа го правела од 1992 година.

Таа преживеа обид за атентат во 1981 година, кога младиот човек Маркус Сарџент испука серија куршуми кон кралицата за време на воена парада.

Сите куршуми биле ќорци, а младиот човек е осуден на пет години затвор.

Таа го испрати својот прв мејл во 1976 година од воена база. Елизабета се смета за првиот монарх кој направил такво нешто. Таа ги има децата Ана, Чарлс, Ендру и Едвард од бракот со Филип.

Слични содржини