Секоја девојка се чувствува поврзана со една или друга од Дизни принцезите на некој посебен начин.
Ако размислите, ќе видите дека сте голем фан на една одредена анимирана хероина и дека таа ви е омилена меѓу сите принцези.
Можеби причината е дека вие самата имате слични квалитети во карактерот како нејзините. А можеби, тоа е базирано на вашиот хороскопски знак.
Видете која Дизни принцеза сте според вашиот хороскопски знак:
1. Водолија (20 јануари – 18 февруари) – вие сте принцезата Ана
Родените во знакот на Водолија се уникатни и иновативни личности. Вие сте независна и сакате да се борите за важни каузи. Слично на Ана од “Замрзнатото Кралство” вие сте истовремено темпераментна, чувствителна, енергична и срамежлива. За вас светот е интересен и полн со можности. Вие не сте љубители на ограничувањата и пречките на патот. Освен тоа ве опкружуваат верни пријатели.

Фото: Disney
2. Риби (19 февруари – 20 март) – вие сте Покахонтас
Сите Риби имаат длабока врска со другите суштества. Тие се интуитивни и мудри по природа. Слично на Покахонтас вие сте несебична и нетрпелива да подадете рака за помош на другите, без да очекувате нешто за возврат. Вие сте уметнички настроени, грижливи и романтични.

Фото: Disney
3. Овен (21 март – 19 април) – вие сте принцезата Јасмин
Овен е огнен знак, а вие како Јасмин (омилената на Аладин) сте храбра, страсна, динамична и енергична. Вие сте решителна и силна по природа, но понекогаш сте конфликтна и делувате премногу избрзано. Вие не се плашите да ризикувате. Освен тоа сте забавна и љубители конкуренцијата, бидејќи таа ве мотивира.

Фото: Disney
4. Бик (20 Април – 20 Мај) – вие сте Рапунцел
Биковите ја сакаат убавината и задоволствата. Слично на Рапунцел вие сте многу дружељубиви, но понекогаш сте површинска и премногу наивна. Вие сте многу сигурен и упорен човек. Освен тоа сте загрижена за вашите најблиски. Имате смисла за хумор и сте романтична по душа.

Фото: Disney
5. Близнаци (21 мај – 20 јуни) – вие сте Тиана
Вие сте нежни, љубопитни, љубовни и жедни за знаење, слично на хероината од “Принцезата и жабата”. Исто така вие сте внимателна, работлива, шармантна и зборувач. Покрај тоа вие ја цените комуникацијата и пријателите и партнерите.Понекогаш сте малку нервозна.

Фото: Disney
6. Рак (21 јуни – 22 јули) – вие сте Пепелашка
Раковите имаат имагинација, емоционални се и се многу чувствителни. Слично на Пепелашка, вие сте нежна и заводлива, но околу вас има некаква мистерија и енигма. Понекогаш изгледате ексцентрична, но тоа е само затоа што расположението постојано ви се менува.

Фото: Disney
7. Лав (23 јули – 22 август) – вие сте Мулан
Лавовите се моќни. Слично на Мулан, вие сте напорна, страсна и неверојатно фер. Вие сте родена лидерка и сте многу сигурна во себе. Веројатно сте авантуристички настроена. Вашата најсилна карактеристика е дека можете да постигнете сè што сакате – како во љубовта, така и во животот како целина, бидејќи сте многу насочени кон целта и не се предавате никогаш.

Фото: Disney
8. Девица (23 август – 22 септември) – вие сте Бел
Девиците се грижат, се вредни и практични жени. Слично на Бел од “Убавицата и ѕверот” вие сте несебична кон блиските и лојална кон вашите најблиски. Девицата секогаш сака да ја направи вистинската работа. Таа е оптимист по природа и е склона да дава втора шанса. Вие имате единствена убавина, која блеска на еден суптилен начин.

Фото: Disney
9. Вага (23 септември – 22 октомври) – вие сте Снежана
Вагите сакаат хармонија, доследност и спокојство. Слично на слатката Снежана, вие обично сте фер, романтична и пријателски настроена кон сите.
Покрај тоа вие сте нежна и мила и идеалистка.

Фото: Disney
10. Шкорпија (23 октомври – 21 ноември) – вие сте Мерида
Скорпиите се храбри, страсни и инвентивни. Вие сте мудра, но вашиот интелект може да биде како благослов, така и проклетство. Слично на Мерида од “Храбро срце”, вие сте отворена, чесна и уверена. Не се плашите од тоа да гоните цели. Вие сте добра пријателка, но сте многу љубоморна. Вашата емоционална природа е контрадикторна и склони сте кон драми. Вие сте динамична и силна личност.

Фото: Disney
11. Стрелец (22 ноември – 21 декември) – вие сте Ариел
Вие сте радосна, ентузијастички и вечно оптимистички настроена. Љубители сте на слободата и сте екстровертни. Понекогаш сте премногу нетрпелива и не се надополнувате со совети, слично на Малата сирена Ариел. Сакате животот да е разновиден и ретко го планирате своето секојдневие.

Фото: Disney
12. Јарец (22 декември – 19 јануари) – вие сте Елза
Вие сте одговорни, работливи, трпеливи и многу дисциплинирани. Вие сте добра во самоконтрола. Вие сте најсериозната од жените во Зодијакот и од Дизни принцезите – затоа сте Елза од “Замрзнатото Кралство”. За вас нема ништо поважно во светот од членовите на вашето семејство. Вие сте чувствителни и лојална под инаку строгата фасада.

Фото: Disney