Специјалната операција за ликвидирање на Осама бин Ладен се аминуваше за еден од најголемите успеси на Барак Обама за време на неговиот прв претседателски мандат – и придонесе значително за неговиот реизбор, пишува The Independent.
Според официјалната верзија, во ноќта спроти 2 мај 2011 година американски специјалците влегуваат со хеликоптер од Авганистан во пакистанскиот град Аботабад, каде го ликвидираат бегалецот Осама бин Ладен, а потоа го фрлиле трупа во Арапското Море.Многу с митеериозни теории се појавија од тогаш наваму, а познатиот истражувач новинар Сејмур Хрш упатува сега сосема конкретни обвинувања. Хрш кој е носител на “Пулицер” и се стекна со светска слава со откритијата за американските случувања во Виетнам и за скандалот со измачување во затвор Абу Граиб, тврди дека американските власти намерно ја кријат вистината за околностите околу смртта на Бин Ладен.
“Повеќето е бесрамно лага дека пакистанското воено раководство не билоинформирано за американската мисија “, пишува Симор Хрш во London Review of Books. Новинарот тврди дека Осама бин Ладен се криел во планините на Хиндукуш заедно со своето семејство. Но откако бил предаден од локален човек, пакистанските власти го поставиле во домашен притвор во близина на воената академија во Аботабад.
Следува логичен прашање зошто Пакистан не е туку САД е зад “откритието”?. Според Симор Хрш, ова се должи на фактот дека Саудиска Арабија го ставила Пакистан под притисок да не се пренесува бин Ладен на американските служби. Но Вашингтон сепак дознава дека бин Ладен се наоѓа во Пакистан. Соработник на пакистанските тајни служби ја издава локацијата на топ-терористот, во замена за кое добива парична награда во износ од 25 милиони долари. Хрш тврди дури дека предметниот човек работи сега за ЦИА. Распространетата од американската влада верзија е дека тајните служби ја откриле локацијата на бин Ладен, откако го идентификувале неговиот доверлив помошник Абу Ахмед ал Кувајт. Во ноќта на нападот во Аботабад немало престрелка, тврди Хрш. “Со исклучок на истрелите по Осама бин Ладен. Тие (командосите) знаеле многу добро каде се наоѓа нивната цел. На третиот кат, втората врата десно”, го цитира Хрш својот анонимен извор од командата на американските спецоперации. Според откритијата на Хрш, при доаѓањето на Американците во Аботабад, пакистанската полиција била веќе повлечена од местото каде бин Ладен бил држен во домашен притвор. Симор Хрш тврди освен тоа што американската влада не ја кажува вистината и таа за “погребот” на Осама бин Ладен, е поинаква. Според официјалната верзија, неговото тело било фрлена од американските носачи на авиони во Арапското Море. Според Симор Хрш сепак, телото на Осама бин Ладен било фрлена од хеликоптер над планината Хиндукуш.
Тврдењата на Хрш предизвикаа остра реакција во САД. Белата куќа го отфрли категорично обвинувањата , а портпаролот на Советот за безбедност на претседателството Едвард Прајс изјави дека оваа мисија била чисто американска.Секакви други тврдења биле невистинити. Многу американски медиуми одбија да ги објават откритијата на Хрш. 78-годишниот новинар за истражувачки работи, кој во моментов работи на книга за антитерористичка војна.
