Одлуката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да не присуствува на прославата по повод 70 години од победата над нацистичка Германија на 9 мај во Москва, се должи повеќе на желбата на режимот да го контролира имиџот на својот лидер, отколку на закани за внатрешна нестабилност, сметаат експертите , цитирани од “Франс прес”. По објавата дека Ким нема да патува за руската престолнина, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека причината за откажувањето на посетата се внатрешни работи.
Андреј Ланков, кој е професор на сеулски универзитет и добар познавач на Северна Кореја, се сомнева да станува збор за внатрешна поделеност во раководството во Пјонгјанг, бидејќи Ким ги смени високите воени лица и позицијата му изгледа многу стабилна. Тоа требаше да биде првото официјално патување на Ким во странство, откако дојде на власт во декември 2011 година.
Тоа беше перцепција и како знак дека Пјонгјанг сака да ја намали зависноста од Кина и да се зближи со Русија. Дипломатската програма на младиот севернокорејски лидер досега е многу скромна – тој ги прими кинеските претставници во Пјонгјанг и американскиот кошаркар Денис Родман.
Деветомајските прослави во Москва требаше да му дадат можност да се појави заедно со кинескиот лидер Си Цзинпин, индискиот Нарендра Тренди или кубанскиот Раул Кастро. “Мислам дека тука се крие вистинскиот проблем. Овој млад човек никогаш не се допрел до никој странски лидер, а сега му се наметнува да сретне многу такви одеднаш”, рече Јан Му-џин, професор по севернокорејски науки во Сеул. Ова е одлична можност да направи гаф кој да заблеска по медиумите, или странски лидер да го критикува, смета тој.
Ким Јонг-ун се покажа повеќе спонтан од татко му Ким Џонг-ил, кој го мрзеше да зборува пред публика, но појавите му беа организирани до последен детал, а фотографиите и видеата беа грижливо обработени, пред да бидат емитувани. “Дури Русија не може да му го гарантира ова ниво на контрола на медиумите, со што тој е навикнат”, прецизира Ланков
