Која е жената која распродаде четири Арени во Загреб и кои се нејзините најслушани хитови?

од Stefanija Kuzmanovska
795 прегледи

Звуците на песните на Александра Пријовиќ одекнуваат во регионот, особено во последно време, бидејќи нејзиното име ги полни насловните страници поради рекордите што ги руши продавајќи билети за нејзините концерти. Александра Пријовиќ (28) стана најмладата пејачка која распродаде три последователни концерти во Арена Загреб, од кои третиот во еден ден, а сега го отвори и четвртиот ден од концертот.

Александра на 28, 29 и 30 септември ја воодушеви публиката во белградска Штарк Арена, а според пресметките на српските медиуми, за тие три ноќи би требало да ѝ останат 946.206 евра заработка, откако ќе ги подмири трошоците. Многу хрватски фанови побрзаа да си ги набават билетите, откако ги видоа емотивните снимки од концертите и одличната атмосфера. Затоа, Александра на 1, 2, 3 и 4 декември ќе пее во Загреб, а на турнејата „Од исток до запад“ ќе одржи концерти и во Сараево, Ниш и Тузла.

Оваа српска поп-фолк пејачка своите први музички чекори на естрадата ги направи на почетокот на 2013 година, кога учествуваше на натпреварот „Ѕвезде Гранда“ каде го освои четвртото место, а уште на 13 години сними две песни. Александра пораснала скромно во Хрватска во Бели Манастир, а штом почнала да заработува од музика, давала пари на семејството за да можат да инвестираат во реновирање на домот. Основно училиште завршила во Бели Манастир и била одлична ученичка, а средно училиште завршила само три одделенија бидејќи се фокусирала на кариерата. Александра е во брак со посинокот на Лепа Брена (62), Филип Живојиновиќ (38), со кој го има синот Александар. Двојката се венча во јуни 2018 година и доби син во март следната година. Освен што се емотивни партнери, Филип ѝ е соработник на Александра и ги пишува нејзините текстови и музика за нејзините песни.

Devet života
За насловната песна на новиот албум на Александра „Девет животи“, текстот и музиката ги напиша нејзиниот сопруг Филип.

Za nas kasno je
Нејзиниот успех започна со хит песната „Za nas kasno je“ во 2015 година, чие видео има 6,5 милиони прегледи на Јутјуб, но нејзиниот настап во живо на ТВ Гранд има 80 милиони прегледи, што е вкупно 86,5 милиони прегледи.

Ko si ti
Оваа песна го става „Za nas kasno je“ по бројот на прегледи на Јутјуб веднаш зад моментално најслушаниот хит – дуетот со Саша Матиќ „Ko si ti“ кој има 99 милиони прегледи.

Totalna anestezija
По успешниот дуетски и деби хит, по бројот на прегледи следи хитот „Totalna anestezija“ од 2016 година.

Šta bi
По бројот на прегледи следува уште еден дует. МЦ Стојан и Александра во 2015 година ја испеаја „Šta bi“ која има 58 милиони прегледи.

Legitimno
Хитот „Legitimno“ од 2020 година има 58 милиони прегледи на Јутјуб, а се наоѓа на албумот „Zvuk tišine“.

Bogata sirotinja
56 милиони прегледи брои видеото од настапот во живо со песната „Bogata sirotinja“ од 2019 година.

Klizav pod
Хитот „Klizav pod“ е преслушан речиси 50 милиони пати, а е објавен во 2017 година на албумот „Testament“.

Testament
Албумот „Testament“ беше хит во 2017 година кога беше објавен, а истоимената песна беше прифатена од публиката и до денес има 41 милион прегледи на Јутјуб.

Dam dam dam
Освен споменатиот хит „Devet života“, кој го напиша сопругот на Александра, од овогодинешниот албум со исто име, најголем хит на албумот е „Dam dam dam“ со 36 милиони прегледи на Јутјуб за само 3 месеци од неговото објавување.

Слични содржини