Ние луѓето сме зависни од храната, за да постоиме, за да сме здрави и среќни. Затоа, изразот “Храната е лек и лекот е храна” е толку верен.
Често, кога ќе западнеме во лошо расположение, прибегнуваме кон парченце чоколадо.
Foodpanda избра некои видови храна која треба да јадете поретко, за да сте во добра отвореност на духот и да се чувствуваме среќни.
Пржени кикирики – тие содржат натриум, кој води до депресија, замор, лошо расположение и главоболка.
Спакувани десерти – тие содржат рафиниран шеќер и заситени масла кои водат до апатија и променливо расположение.
Маргарин – високата содржина на заситени со масти доведува до зголемување на килограмите и појава на целулит, што влијае лошо на расположението и самодовербата.
Конзервирана храна – освен високата содржина на натриум, во неа има многу соли што ги затвораат артериите и испраќаат негативни сигнали до мозокот.
Чипс – содржи растително масло, кое е со многу Омега 6 масни киселини, кои ги уништуваат Омега 3 кон кои се стремиме. Омега 6 киселините доведуваат до воспаление и емоционална нестабилност.