269
ПРЕТСТАВНИКОТ на Велика Британија не доби ниту еден поен од жирито или гледачите во финалето.
Џејмс Њуман ја претставуваше Велика Британија во Ротердам со песната „Embers“, но 35-годишниот пејач, инаку постариот брат на кантавторот Џон Њуман, не се надеваше дека нема да добие ниту еден глас.
За прв пат од 2003 година се случи Британците да не освојат ниту еден поен.
„Ова е, очигледно, разочарувачко за Џејмс и Велика Британија. Се обидувам да бидам позитивен, но не ми оди многу добро“, рече стручниот коментатор на Би-Би-Си.
Многу Британци се жалат и сугерираат дека сето ова е последица на политиката и „Брегзит“, а не на песната и талентот на Њуман, за што тој доби и многубројни пофалби и коментари за поддршка по лошиот резултат.