КОКАИН СО ЛИКОТ НА ПАБЛО ЕСКОБАР: Рекордна заплена на дрога

од Stefanija Kuzmanovska

Чилеанските власти денеска објавија дека заплениле над три тони кокаин и марихуана завиткани во бела хартија со ликот на починатиот колумбиски крал на дрогата Пабло Ескобар.

Ова се првите пакети „украсени“ со Ескобар што се појавија во Чиле, соопштија властите, иако полицијата заплени слични пратки во Хондурас претходно оваа година, наведува „Ројтерс“.

„Криминалните организации секогаш ставаат печат, нешто карактеристично, за да можат да се следат, со цел да се осигура дека големите пратки пристигнуваат на нивната дестинација“, рече Хектор Еспиноза, генерален директор на чилеанската истражна полиција.

Невообичаено големата акција за Чиле доведе и до апсење на шест лица, заплена на 14 возила, разно оружје, девизи и неколку мобилни телефони.

Полицијата соопшти дека производот пристигнал од Боливија.

Ескобар, најпознатиот колумбиски наркобос, беше шеф на озлогласениот картел Меделин.

Тој почина за време на полициска акција во 1993 година.

Слични содржини