Кокошки несат повеќе јајца, слушајќи Ед Ширан

од desk3
141 прегледи

Адриен Потер, сопственик на живинарска фарма во Јоркшир, тврди дека кокошките му несат повеќе јајца, кога слушаат песните на британскиот уметник Ед Широн, пишува “Дејли мирор”.

Image_5397413_407

Според зборовите на Потер, животните се помирни и опуштени, кога несат јајцата под звуците на црвенокосиот феномен. Поради зголеменото производство на јајца со негова помош, во живинарска фарма му го сменија името – од Ед Широн на ЕГ Широн (на англиски “ЕГ” значи јајце).

Во живинарска фарма се обиделе и со песни на Џастин Бибер, класични и џез изведби, но миленик на кокошките-носачи останува Широн. Тие дури го прогонувале сопственикот Адриен Потер, кога тој пуштал песни на Ширпн на преносно стерео и се шетал низ фармата.

Највлијателни хитови за пердувестите животни се покажале Thinking Out Loud, Kiss Me и Little Bird – сите од репертоарот на Ед. Сопственикот одгледува 250 илјади кокошки-носачки во живинарска фарма и од нив добива околу 1 милион јајца годишно.